Македонската фудбалска репрезентација синоќа загуби со 2:0 на гости во Љубљана од Словенија. Со овој резултат продолжи лошата низа на нашата репрезентација. Веќе 10 натпревари немаме победа, а повеќе од 600 минути нема постигнато гол.
И покрај овие лоши статистички податоци, селекторот на , Гоце Седлоски вели дека е потребно уште трпение и дека наскоро нашиот национален тим ќе постигне гол, но и ќе се израдува на победа.
„Ќе работиме, процесот мој не застанува тука, среќен сум што имам такви дечки, не оди тоа преку ноќ. Треба доста мечеви да се одиграат. Видовте дека на последните два меча добивме нови играчи. Нормално потребно е време, а мислам дека и тоа време ќе дојде и победите ќе стигнат“, рече Седлоски, кој многу жали за почетните 10-тина минути од второто полувреме, период кога го примивме првиот гол од Словенија.
По примениот гол, Македонија создаде неколку шанси, но за жал не беше прекината рекордната низа без постигнат гол.
„Секако дека размислуваме сите, работиме на таа завршница према напред. Но, не е лесно, играме против навистина силни репрезентации. Не играме веќе против Лихтенштајн, Андора. Сега играме против Словенија, Швајцарија, Шкотска. Се надевам дека ќе проработи нападот. Треба трпение, ќе дојдат и головите“, оптимист е селекторот Седлоски.
Извор: sportmanija.mk


