Боштјан Цесар и Гоце Седлоски беа соиграчи, а требаше и да го наследи во Вардар, но стана селектор на Словенија

September 29, 2026
1 min read

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва против Словенија во Љубљана го игра вториот натпревар од Лигата на нации. Јавноста се надева на многу подобро издание од првиот меч против Швајцарија, а тоа секако ќе биде надмудрување ни на двата селектора, Боштјан Цесар и Гоце Седлоски.

Интересно е дека тие одлично се познаваат и своевремено беа и соиграчи во Динамо Загреб.

„Со Седлоски сме играле заедно. Се видовме пред летото, кога разговаравме и за ждрепката. Добро го познавам, а во меѓувреме добро ја анализиравме и македонската репрезентација. Со нетрпение го очекувам утрешниот натпревар, но и повторната средба со селекторот на Македонија“, истакна Боштјан Цесар.

Малкумина знаат дека Боштјан Цесар беше и прв избор на раководството на Вардар за наследник на Гоце Седлоски на клупата на Вардар. По освоената титула, Седлоски замина и го презеде кормилото на Македонија, а Вардар уште претходно беше во контакт со Цесар за да го наследи на клупата на најтрофејниот македонски клуб. Сепак, и тој доби можност да биде селектор на Словенија, па сега двајцата познаници ќе имаат дуел со своите селекции на „Стожице“ во Љубљана.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола ја обновува механизацијата на „Нискоградба“

Следно

Zyrtarë të Listës Serbe dyshohen për sulm ndaj rendit kushtetues dhe vepra të tjera penale

Latest from Blog

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон

(Видео) ЦЕЛ БАНКОК Е ЗОНА НА КАТАСТРОФА – Властите потполно немоќни

Бројот на загинати во катастрофалните поплави што го погодуваат Тајланд од средината на септември се искачи на 23 лица, соопшти тајландската влада, додека ситуацијата на терен останува драматична. Според најновите податоци, во

Колумна на Виктор Грозданов за Plusinfo.mk: Насилнички екоактивизам

Што е разликата помеѓу мене, моите колеги од металургијата, рударството и геологијата, нормалните новинари, од една страна, и насилничкиот, како што јас го нарекувам „екоактивизам на батерии“, од друга страна? Разликата е
Go toTop