На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

September 28, 2026
1 min read

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по два за двете селекции и сите беа реализирани.

Ретки се мечевите кога на еден натпревар има дури четири пенали, а интересно за овој дуел е дека кога арбитарот Игор Стојчевски покажуваше на белата точка, дел од играчите реагираа со чудење и неверување за таквите одлуки.

Сите четири пенали во овој „историски меч“ може да ги погледнете во продолжение, а сигурно има стручни лица кои ќе дадат оценка за судењето на најдобриот македонски судија кој има и знак на ФИФА.

Во 36 минута беше досуден првиот пенал за Русија, а впечатлива е реакцијата на речиси сите фудбалери на теренот. Руските фудбалери без реакција се враќаат во дефанзива сметајќи дека е досуден фаул во напад, додека македонските фудбалери со неверување ја прифаќаат одлуката на главниот судија Стојчевски. Еве ја таа ситуација:

Во 57 минута беше досуден втор пенал за Русија и таа акција на гостите може да ја погледнете на следното видео.

Потоа следуваа два пенали за Македонија. Најпрво во 79 минута беше досуден пенал по ситуација во која фудбалерите беа фокусирани на играта и не очекуваа да има прекин, а уште помалку пенал. Таа ситуација може да ја погледнете на следното видео.

Последниот пенал се случи во судиското надополнување и таа ситуација може да ја видите на последното видео.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија со напад над Харков и Киев, повредени се 22 лица

Следно

Protesta e 13-të në Prishtinë, qytetarët nisin grumbullimin

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop