Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира дека Владата ја продолжи мерката со која ДДВ за дизелот се задржува на повластена стапка од 10 проценти, до 12 октомври.
Божиновска посочува дека мерката е особено значајна имајќи предвид дека дизелот претставува важен трошок за транспортот и снабдувањето.
„Кога светските цени на горивата создаваат притисок дома, наша обврска е да реагираме навреме“, наведува Божиновска.
Според неа, продолжувањето на повластената стапка има цел да го ублажи притисокот врз граѓаните и стопанството, во услови на променливи цени на светските пазари.
„Продолжуваме внимателно да ги следиме пазарите и да носиме одговорни одлуки за заштита на животниот стандард“, порача министерката.


