ПУКНА СТАКЛОТО КАЈ КОПИЛОТОТ: Драматични моменти на лет во Тексас

September 28, 2026
1 min read

Авион на
„Меса ерлајнс“ кој летал за Ел Пасо, Тексас, морал да се врати во Хјустон
откако му пукнало ветробранското стакло кратко по полетувањето. Авионот, кој
летал за „Јунајтед ерлајнс“, безбедно слетал на Интерконтиненталниот аеродром
„Џорџ Буш“ околу 13:00 часот. Од „Меса ерлајнс“ изјавија дека нема повредени
патници ниту членови на екипажот.

„Кратко по
полетувањето, ветробранското стакло од страната на копилотот пукнало. Немало
губење на притисокот во кабината, но враќањето на аеродромот е стандардна
процедура во такви ситуации“, изјави портпарол на „Меса ерлајнс“ за Си-Ен-Ен
(CNN). Снимките од разговорот со контролата на летање потврдуваат дека немало
губење на притисокот во кабината, објави KTRK, филијала на Си-
ен-ен.

Летот
вратен назад во Хјустон

Податоците
од веб-страницата за следење летови Flightradar24 покажуваат дека
авионот полетал од аеродромот „Џорџ Буш“ околу 12:20 часот. Откако се упатил
кон северозапад, направил закрот и се вратил во Хјустон. По слетувањето,
противпожарната служба на Хјустон реагирала на местото на настанот и потврдила
дека авионот е безбеден, изјавија за Си-Ен-Ен службеници од аеродромот.

Патниците
биле префрлени во заменски авион за да го продолжат своето патување. Според
податоците на Flightradar24, тој лет слетал во Ел Пасо во 15:14 часот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

PDK falënderon deputetët: Tani është radha e votimit të ndryshimeve në Ligjin për Dhomat e Specializuara

Latest from Blog

Коњановски: Ова е само почеток за Рустемовски, Битола верува во неговиот олимписки сон

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за младиот македонски боксер Ален Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство во бокс што се одржа во Бугарија. На средбата, Рустемовски и

Кој е најтранспарентен? Министерството за енергетика со максимални 100 проценти

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е најтранспарентна институција меѓу министерствата и Владата во 2026 година, покажува годишното рангирање на Центарот за граѓански комуникации според Индексот на активна транспарентност. Истражувањето, објавено
Go toTop