Русија истрела суперсонични ракети во Јапонското Море 

March 28, 2023
1 min read

Јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши изјави дека Токио со внимание ги следи воените операции на Москва и додаде дека не е забележана штета по лансирањето на ракетите

Руската морнарица истрела суперсонични противбродски ракети врз симулирана цел во Јапонското Море, објави утрово руското Министерство за одбрана. 

 „Во водите на Јапонското Море, бродовите на Тихоокеанската флота истрелаа крстосувачки ракети ‘москит’ кон лажна непријателска цел“,

се вели во соопштението на телеграм-профилот на Министерството, пренесува регионалниот сервис на РСЕ.  

Суперсонична крстосувачка ракета P-270 Moskit/Фото: Википедија

Целта, како што се додава, се наоѓала на оддалеченост од околу 100 километри и била успешно погодена со две крстосувачки ракети „москит“. 

Ракетата „P-270 Moskit“, која го носи и називот „SS-N-22 Sunburn“, според класификацијата на НАТО, е суперсонична крстосувачка ракета со среден дострел од советско потекло, способна да уништува бродови на оддалеченост до 120 километри. 

Јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши изјави дека Токио со внимание ги следи воените операции на Москва и додаде дека не е забележана штета по лансирањето на ракетата. 

„Како што руската инвазија на Украина продолжува, руските сили исто така стануваат поактивни на Далечниот Исток, вклучително и околу Јапонија“,

рече Хајаши на прес-конференција. 

Лансирањето на ракетите доаѓа една недела откако два руски стратегиски бомбардери способни да носат нуклеарно оружје извршија прелет над Јапонското Море кој траеше повеќе од седум часа.  

Прашан за плановите на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, Хајаши рече дека Јапонија го осудува потегот и бара Русија и Белорусија да престанат со акциите што дополнително ќе ги зголемат тензиите. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Богата програма за најмладите од Гази Баба по повод Денот на шегата

Следно

Бела куќа: САД и натаму се загрижени за ситуацијата во Израел

Latest from Blog

Меџити: Полицијата го задржала автомобилот на Ахмети 24 часа поради сомнеж дека Груевски можел да го користи за бегство

Скопје, 3 септември 2025 – Првиот заменик-претседател на Владата и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, изнесе нова сериозна обвинение против претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Во интервју за

Коњановски ги слуша битолчани: Идеите за поубава општина

Битола, 3 септември 2025 – Денес градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, оствари средби со жителите на населбата Карпош, од урбаните заедници Тодор Ангелевски и Естреа Овадија Мара. Преку кампањата „Предложи идеја“,

Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа на локалните избори и работи за добро на граѓаните

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната редовна седница избра уште 16 кандадати за градоначалници за претстојните локални избори. За кандадат за градоначалник на општина Сопиште е избран Јане Мицески, за Кичево Александар
Go toTop