Претседателот за деловни операции на Интер Мајами, Хавиер Асенси, ја откри идната улога што напаѓачот Лионел Меси би можел да ја преземе по пензионирањето.
„Ќе дојде време кога Меси повеќе нема да игра. Тажно е да се каже, но очигледно е: тој нема да може да игра уште 15 години. Би било неодговорно да не се размислува за ерата по Лео. Но, сè додека сака да игра, нека игра. Тој, повеќе од кој било друг, го заработил правото сам да одлучи кога ќе се пензионира.
Идејата е Меси да има можност да продолжи да се посветува на Интер по пензионирањето. Според прописите, тој моментално не може да биде ко-сопственик на клубот, бидејќи правилата на МЛС го забрануваат тоа. Сепак, штом престане да игра, веднаш ќе стане еден од акционерите на Интер“, рече Асенси, цитиран од авторитетниот весник „Марка“.
Извор: vecer.mk


