ДЕВЕТ ДЕНА ПЕКОЛ – Словенија го урна рекордот со најдолгиот топлотен бран

August 6, 2026
1 min read

Словенија го бележи најдолгиот топлотен бран во својата историја, откако деветти ден по ред температурите надминуваат 35 Целзиусови степени. Според словенечката Агенција за животна средина, денешниот ден е последен од рекордниот топлотен бран, кој минатиот вторник најпрво го зафати западниот дел на земјата, а веќе следниот ден се прошири и кон источните региони, поставувајќи национален рекорд по времетраење на екстремно високите температури.

Топлотниот бран минатиот вторник првично ја зафати западна Словенија, а наредниот ден да се прошири и во источните делови на земјата. Според метеоролозите, денешниот ден е деветти и последен ден со екстремно високи температури, што претставува рекорд по времетраење на национално ниво.

Во главниот град Љубљана и во уште неколку места вчера беа измерени рекордно високи температури, каде живата во термометрите надмина 35 степени. Нов рекорд беше забележан и во зимскиот туристички центар Рогла каде ноќната температура не падна под 21 степен, на надморска височина од 1.495 метри.

Метеоролозите за утре очекуваат умерено заладување, но не за долго. Веќе за викендот повторно се прогнозираат горештини, со температури над 35 степени Целзиусови.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дебата на СДА Македонија: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика

Следно

Лепиткова: Иловица е добро истражен проект, а современите технологии обезбедуваат високи еколошки стандарди

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако
Go toTop