Лепиткова: Иловица е добро истражен проект, а современите технологии обезбедуваат високи еколошки стандарди

August 6, 2026
2 mins read

Претседателката на Македонското геолошко друштво, Соња Лепиткова, смета дека Македонија треба да ја искористи можноста што ја има со своите минерални ресурси, но тоа да го прави внимателно, одговорно и под строг надзор на институциите.

Таа потенцира дека развојот на рударството денес не може да се споредува со практиките од минатото, бидејќи новите технологии овозможуваат значително повисоко ниво на заштита на животната средина. Во тој контекст, Лепиткова нагласи дека Иловица е едно од најдобро истражените минерални наоѓалишта во земјата и изрази уверување дека новите проекти ќе работат според највисоките стандарди.

„Македонија треба да направи листа на целосно истражени потенцијални наоѓалишта, на делумно истражени и на тие коишто се потенцијални во фаза на понатамошно истражување и така да ја движи политиката. Тие коишто се целосно истражени, со потврдени резерви, не само на руда туку и на метали кои можат да се издвојат и да имаат економска вредност која е огромна за државата – еден од тие рудници е и рудникот во Иловица“, истакна Лепиткова во гостување во Канал 5 ТВ.

Професорката додаде дека стручните кадри ги следат технологиите и тие мора да инсистираат на нивна примена во новите рудници, како и на сите предвидени фази, елаборати, студии за оцена на влијание врз животна средина, во кои јавноста треба да има максимална вклученост.

„Стручната јавност нема отпор за ова и гледате дека немаме ниту еден експерт, којшто е од било која техничка струка, па и економска струка, да каже „ова не смее да се случува, апсолутно се треба да се затвори“, бидејќи ние имаме историјат во оваа област. Ние како Македонија, во историјата сме познати како рударска нација, односно како рударски простор“, истакна Лепиткова.

Таа оцени дека кај дел од активистите против рудници постои „целосна исклучивост“ и тие воопшто не сакале да чујат ниту еден аргумент во конструктивна расправа, туку споделуваат лични видувања, а можеби имаат и личен бенефит или пак некој ги поттикнува.

„Кај граѓаните стравот е нешто што треба да се објасни и да се работи заедно со нив. Секој рудник е приказна за себе и секое подрачје има своја специфика. Стручната јавност е таа на којашто треба да и се верува и таа треба на ист начин да пристапи во аспектот на отворање на еден рудник – да се запазат максимално еколошките стандарди, да се управува вистински со отпадот, со отпадните води, да се применат најсовремените технологии и државата да прави континуиран мониторинг“, појасни професорката.

Лепиткова повика да се даде шанса „работите да тргнат“, па да се направи оцена како ќе се развиваат, а во меѓувреме, државата апсолутно да ги контролира состојбите. Таа укажа дека во светската и европската политика ако за нешто постои глад во моментов, тоа е гладот за метали.

„Земјите од регионот забрзано се движат и во истражувањата во Европа и во отворањето на рудници. Полска инвестира неколку милијарди во истражувања. Тоа го прави и Србија максимално. Грција отвори два рудника, сега е во фаза на припрема за отворање на трет, коишто се наоѓаат многу блиску до самото море. Бугарија исто така се спрема за нови рудници. Шпанија веќе отвора рудници на многу почувствителни минерални содржини од нашите – бакар, злато и сребро, туку отвора рудници на ниодиум и на тантал, кои се исклучително применливи метали во електрониката. Македонија не треба да заостанува. Ние треба да тргнеме да бидеме малку похрабри како држава, да веруваме на институциите, да веруваме на експертите и меѓусебно да се почитуваме“, потенцира професорката.

Лепиткова заклучи дека ако до пред неколку години во Европа не постоела политика за отворање на нови рудници, денес таа политика е апсолутно сменета и листата на критични минерали само се зголемува.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЕВЕТ ДЕНА ПЕКОЛ – Словенија го урна рекордот со најдолгиот топлотен бран

Следно

Напаѓачот кој предизвика скандал на СП, бил понуден на Тотенхем!

Latest from Blog

ДЕВЕТ ДЕНА ПЕКОЛ – Словенија го урна рекордот со најдолгиот топлотен бран

Словенија го бележи најдолгиот топлотен бран во својата историја, откако деветти ден по ред температурите надминуваат 35 Целзиусови степени. Според словенечката Агенција за животна средина, денешниот ден е последен од рекордниот топлотен

Дебата на СДА Македонија: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика

СДА Македонија ја организираше дебатата „Северна Македонија помеѓу европската интеграција и ‘српскиот свет’“, на 30 јули 2026 година, во Скопје. Настанот отвори прашања што власта упорно ги избегнува. Дали европската интеграција навистина

Лудница: Еве како фановите на Трабзонспор го пречекаа Салах!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Trabzonspor Фудбалски “земјотрес“ вчерва предизвика пристигнувањето на Мохамед Салах во Трабзон каде беше пречекан од илјадници фанови на Трабзонспор. “Фараонотот“ кој важи за еден од најдобрите фудбалери на светт и покрај дригите

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади
Go toTop