Николоски: 47 семејства во Дебар добиваат нов дом, продолжуваме со изградба на социјални станови

August 1, 2026
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Дебар изјави дека е особено значаен моментот кога 47 семејства од најранливите категории добиваат можност да живеат во нови станови.

-Навистина е убав момент кога можеме да видиме 47 среќни семејства кои од денеска ќе имаат станови што ќе можат да ги користат во еден исклучително добро изграден објект тука во Дебар, изјави Николоски.

Тој посочи дека станува збор за лица од најранливите категории – деца без родители и родителска грижа, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и нивните семејства, како и самохрани родители со малолетни деца.

-Навистина зборуваме за најранливите категории и драго ми е што оваа политика продолжува. Еве тука во Дебар можеме да видиме среќни семејства кои ќе почнат да живеат во овие станови, додаде вицепремиерот.

Николоски информираше дека досега се доделени социјални станови и во други градови низ државата. Така, 29 станови се доделени во Велес, 32 во Кочани, 21 во Струмица и 19 во Гевгелија, додека во тек се постапки за нови станови во Пробиштип и Свети Николе.

Тој нагласи дека во соработка со Јавното претпријатие за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката, во завршна фаза се и нови објекти во општина Бутел и Сарај, во тек е изградба во Прилеп, а планирана е и градба во Штип.

-Овие проекти ќе решат станбено прашање за голем број семејства и ќе продолжиме со оваа политика и во иднина, порача Николоски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Останавме без ресретнувачки ракети за „Патриот“

Следно

УЕФА не и простува на ФИФА: Добро е што планот пропадна,ова е победа на фудбалот, ама…!

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop