Македонската берза со неделен промет од 37,1 милион денари

August 1, 2026
1 min read

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Во периодот од 27.07.2026 до 31.07.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 37.150.735 денари, од кои 28.993.135 денари беа реализирани преку класично тргување, додека 8.157.600 денари беа реализирани преку блок-трансакција.

Ликвидноста во неделата ја водеа Комерцијална банка Скопје, Алкалоид Скопје и Реплек Скопје.

Топ добитници

· Македонски Телеком Скопје +1,01%

Топ губитници

· ТТК Банка АД Скопје –4,17%
· Гранит Скопје –3,33%
· Стопанска банка Скопје –2,56%

Најтргувани хартии од вредност

· Комерцијална банка Скопје – 18.830.481 денари
· Алкалоид Скопје – 12.632.193 денари
· Реплек Скопје – 1.024.800 денари

Блок-трансакции

Во текот на неделата беше прикажана една блок-трансакција со акциите на Комерцијална банка Скопје, реализирана по цена од 26.400 денари за 309 акции, со вкупна вредност од 8.157.600 денари.

Обврзнички пазар

Во обврзничкиот сегмент не беше прикажан промет.

Неделата заврши со вкупен промет од 37.150.735 денари, при што најтргувани беа акциите на Комерцијална банка Скопје, вклучувајќи ја и реализираната блок-трансакција. Значителна ликвидност беше забележана и кај Алкалоид Скопје и Реплек Скопје. Единствен позитивен неделен поместок имаше Македонски Телеком Скопје со раст од 1,01%, додека најизразен пад беше забележан кај ТТК Банка АД Скопје со –4,17%.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БРАКО со нов успех: GM 955 оди на финално тестирање во Германија

Следно

„И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци

Latest from Blog

Коњановски: „Илинденски денови“ ја претворија Битола во светска сцена на фолклорот

Со свечено доделување на признанија и награди за најуспешните фолклорни групи, културно-уметнички друштва, ансамбли и поединци, синоќа беше затворено 56. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во

„И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци

Локалната иницијатива „И здравје и работа“ најостро ги осудува сè почестите јавни напади и обиди за дискредитација на универзитетските професори, геолозите, рударските инженери и другите стручни лица кои јавно ги презентираат научните

БРАКО со нов успех: GM 955 оди на финално тестирање во Германија

Најновата верзија на GM955, професионално возило за машинско чистење произведено во фабриката на ГРИН МАШИНС на БРАКО во Велес, заминува за Минхен, Германија, каде што следната недела ќе продолжи процесот на тестирање и хомологација директно во TÜV

“Земјотрес“ во Турција: Салах во Трабзонспор за 15 милиони евра годишно!?

ФОТО: Liverpool FC/FB Фудбалски “земјотрес“ во Турција. Според локалниот новинар Јакуп Џинар, наводно Мохамед Салах постигнал двогодишен договор со Трабзонспор, а официјалната потврда за трансферот треба да следи на 2 август. Според

(ВИДЕО) „БИНГ-БИНГ, БИНГ-БИНГ-БИНГ – Трамп повторно хит на интернет

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го привлече вниманието на јавноста откако за време на своето обраќање со гестикулации и звучни ефекти го имитираше дејството на американската противвоздушна одбрана. Опишувајќи го
Go toTop