Screenshot

Клиниката за урологија доби современи оперативни сали според светски стандарди

July 28, 2026
1 min read

Универзитетската клиника за урологија официјално ги пушти во употреба новите оперативни сали, современ хируршки комплекс изграден и опремен според највисоките светски стандарди.

Новите сали овозможуваат значително подобрување на условите за изведување хируршки интервенции, поголема безбедност за пациентите, повисок квалитет на здравствените услуги и модерни услови за работа на медицинскиот персонал.

Како симболичен почеток на работата на новиот хируршки простор, беа изведени првите операции за вградување инфлатабилни пенилни протези – една од најсовремените и најкомплексни процедури за третман на еректилна дисфункција. Оваа интервенција неодамна стана достапна и во рамки на јавното здравство, што претставува значаен исчекор во унапредувањето на уролошката хирургија во земјава.

Од Клиниката истакнуваат дека оваа инвестиција претставува важен чекор кон модернизација на здравствениот систем и обезбедување поквалитетна, побезбедна и поефикасна здравствена грижа за пациентите.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Фестивалот „Илинденски денови“ е гордост на Битола и Македонија

Следно

Општина Прилеп: Започнува нова превентивна акција за намалување на комарците

Latest from Blog

Николоски: Светска банка го потврди успехот – Македонија лидер во растот на авио-туризмот

Македонија бележи најголем раст на бројот на патници во авио-сообраќајот и туризмот во Европа и Централна Азија, според анализата на Светска банка, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Општина Прилеп: Започнува нова превентивна акција за намалување на комарците

Општина Прилеп информира дека во среда, 29 јули 2026 година, ќе се спроведе втората фаза од превентивната ларвицидна дезинсекција на нејзината територија. Акцијата ќе ја реализира ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје,

Коњановски: Фестивалот „Илинденски денови“ е гордост на Битола и Македонија

БИТОЛА – Со свечена церемонија вечерва беше отворено 56. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, а градоначалникот Тони Коњановски порача дека Битола повторно станува место каде што

Мурињо отпушти многумина од Реал, но јасно кажал кој мора да остане!

ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/ Жозе Мурињо сака Гонзало Гарсија да остане во клубот и не го поддржува неговото заминување, објавува шпанскиот весник „Марка“. Според информациите од овој весник, искусниот португалски стручњак смета дека во тимот
Go toTop