Коњановски: Фестивалот „Илинденски денови“ е гордост на Битола и Македонија

July 28, 2026
1 min read

БИТОЛА – Со свечена церемонија вечерва беше отворено 56. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, а градоначалникот Тони Коњановски порача дека Битола повторно станува место каде што се среќаваат културите, традициите и народите од целиот свет.

Отворањето беше означено со традиционалното фолклорно дефиле низ Широк Сокак, на кое стотици учесници од земјата и странство ги претставија богатството на народните носии, музиката и игрите. Фестивалските вечери започнаа на платото пред Офицерскиот дом со изведбата на „Комитската легенда“ од КУД „Илинден“ од Битола.

 

Во своето обраќање, Коњановски истакна дека градот веќе две недели живее во духот на фолклорот, традицијата, песната, играта, филмот и едукацијата, нагласувајќи дека годинашното мото „Точка на поврзување“ најдобро ја отсликува мисијата на фестивалот.

„Со 77 настани, повеќе од 1.300 учесници и седум концерти на македонски уметници, Битола повторно станува центар на домашниот и светскиот фолклор, простор за дијалог меѓу културите и промотор на македонската традиција“, рече Коњановски.

Тој им честиташе на организаторите за успешно подготвеното издание на фестивалот и го поздрави новиот визуелен идентитет, во кој централно место имаат македонската народна носија, интернационалната носија и глуварчето како симбол на поврзување и размена меѓу народите.

Фестивалот за отворен го прогласи потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, која истакна дека преку „Илинденски денови“ пред светот ќе биде претставен автентичниот македонски фолклор, со неговите препознатливи инструменти и единствениот седумосмински ритам.

Годинава на фестивалот ќе настапат 34 фолклорни групи и ансамбли од Македонија, САД, Венецуела, Порторико, Кина, Грузија, Холандија, Унгарија, Словачка, Грција и Шведска. Со 18 фестивалски денови исполнети со уметнички, научни и едукативни содржини, ова е најдолгото издание на „Илинденски денови“ во неговата историја.

 

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мурињо отпушти многумина од Реал, но јасно кажал кој мора да остане!

Следно

Клиниката за урологија доби современи оперативни сали според светски стандарди

Latest from Blog

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање,  тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен
Go toTop