Шпанските пожарникари ја продолжуваат борбата со огромниот шумски пожар што ја зафати Валенсија

March 25, 2023
1 min read

ВАЛЕНСИЈА (АА) – Шпанските пожарникари ја продолжуваат борбата со огромниот шумски пожар што ја зафати Валенсија во Шпанија, кој во четвртокот избувна во местото Вилануева де Вивер во Кастељон, известува Анадолу.

„Огнот се прошири на 40 километри широко подрачје кое го вклучува и регионот Алто Михарес и границата со провинцијата Теруел“, објави медиумот „Ел Паис“ ова утро.

Пожарот опустоши површина од 4.000 хектари, а од регионот на Валенсија се евакуирани околу 1.500 лица.

Брзото проширување на пожарот го потпомогнаа силниот ветар и високите температури.

„Големи подрачја околу шпанскиот брег на Средоземното Море се наоѓаат во екстремен ризик од шумски пожари, а условите само ќе се влошат до недела“, објави шпанската Агенција за метеорологија AEMET.

Европската организација за експлоатација на метеоролошките сателити (EUMETSAT) потсети дека во 2022 година Шпанија и Португалија кон крајот на јули и почетокот на август доживеаја незапаметени пожари, по рекордно високиот топлотен бран во комбинација со сушата.

Во вторникот португалската Влада предупреди дека овогодинешната сезона на пожари би можела да биде уште полоша.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ѓорѓиевски: Лицата со церебрална парализа заслужуваат општество со еднакви можности

Следно

Стефковски на терен во Инџиково: По 33 години конечно асфатирани улици

Latest from Blog

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025.

Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr. „Двоен оган“ За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии

Челзи останува без Делап до ноември

фото: Chelsea Transfer Talks (X) Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември. Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам (2:0) и

ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Диџарик, денес изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, многумина од оние

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги
Go toTop