Мециновиќ: Армијата да ја обезбедува критичната инфраструктура, да не стравуваме дали водата од чешма е безбедна

July 24, 2026
1 min read

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денеска на прес-конференција го претстави предлог-законот за критична инфраструктура, со кој партијата предлага обезбедувањето на стратешките објекти од највисоко национално значење да го преземе Армијата на Република Македонија.

Според Мециновиќ, државата не смее да се однесува кон стратешките капацитети како кон обична административна формалност, бидејќи тие претставуваат прашање на национална безбедност.

Како причина за предлогот, тој ги посочи неодамнешните случаи со загадување на водата во Гостивар и Ресен, како и случувањата во Крушево, оценувајќи дека тие покажале оти државата нема доволно ефикасен систем за заштита на критичната инфраструктура.

„Зборуваме за системи за водоснабдување кои директно ги засегаат здравјето, безбедноста и животот на граѓаните. Не смее да живееме во страв дали водата што ќе потече од чешмата е безбедна за пиење“, изјави Мециновиќ.

Тој истакна дека, иако предлог-законот ја препознава потребата од заштита на критичната инфраструктура, потребни се дополнителни мерки. Според Левица, обезбедувањето на водоснабдителните системи, браните, енергетските капацитети, клучните комуникациски центри и другите стратешки објекти треба да биде доверено на Армијата, во координација со полицијата и останатите надлежни институции.

„Армијата е единствената институција која располага со потребната организација, дисциплина, обучен кадар и капацитет за соодветно обезбедување на овие објекти“, рече Мециновиќ.

Тој оцени дека во услови на зголемени безбедносни ризици, хибридни закани и климатски промени, националната безбедност мора да биде највисок приоритет, а не тема за која ќе се реагира дури по настанување на криза.

На крајот, Мециновиќ ги повика пратениците да го поддржат предложеното законско решение, оценувајќи дека заштитата на критичната инфраструктура е прашање на национален суверенитет и безбедност.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Прилеп: Ченто останува симбол на достоинството, слободата и македонската државност

Следно

ТРАМП БАРА ПРЕКИН НА ОГНОТ, ИРАН ОДБИВА – „Ако нападите продолжат – Израел е следна цел!“

Latest from Blog

Официјално: Клоп е нов селектор на Германија

фото: Spieltag Indonesia @SpieltagIndo (X) Германската фудбалска федерација (ДФБ) денес го потврди назначувањето на Јирген Клоп за селектор на Германија. Назначувањето доаѓа по отказот за Нагелсман и елиминирањето на Германија во осминафиналето

ТРАМП БАРА ПРЕКИН НА ОГНОТ, ИРАН ОДБИВА – „Ако нападите продолжат – Израел е следна цел!“

Иран го одбил предлогот за прекин на огнот што, според неименувани извори, американскиот претседател Донад Трамп го упатил до Техеран преку ирачкиот премиер. Наместо смирување на тензиите, од Иран стигна предупредување дека

Општина Прилеп: Ченто останува симбол на достоинството, слободата и македонската државност

Општина Прилеп денеска оддаде почит на Методија Андонов-Ченто, еден од најзначајните македонски историски личности и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, по повод 69-годишнината од неговата смрт. Пред споменикот на Ченто во

ЈКП „Водовод“ – Битола: Лабораториските анализи потврдуваат – битолската вода е безбедна за пиење

ЈКП „Водовод“ – Битола соопшти дека континуирано спроведува строга контрола на квалитетот на водата за пиење, при што во изминатите три години се реализирани повеќе од 16.600 лабораториски анализи кои потврдуваат дека
Go toTop