ТРАМП БАРА ПРЕКИН НА ОГНОТ, ИРАН ОДБИВА – „Ако нападите продолжат – Израел е следна цел!“

July 24, 2026
1 min read

Иран го одбил предлогот за прекин на огнот што, според неименувани извори, американскиот претседател Донад Трамп го упатил до Техеран преку ирачкиот премиер. Наместо смирување на тензиите, од Иран стигна предупредување дека доколку продолжат нападите, Израел може да биде следната цел, пренесе денеска „Њујорк тајмс“.

Според истите извори, посетата на ирачкиот премиер Али ал-Заиди
на Иран уследила по неговата неодамнешна средба со Трамп во Белата куќа.

Деталите од предлогот за прекин на огнот сè уште не се
познати, но иранските претставници изјавија дека тоа е единствената понуда на
маса и оти нивната влада не е заинтересирана за привремен договор што би го
оставил нерешено прашањето за контролата врз Ормускиот Теснец, пишува весникот.

Неуспешниот обид за посредување доаѓа во момент кога
Трамп се заканува со дополнителна ескалација на конфликтот и со напади врз
клучната иранска инфраструктура.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мециновиќ: Армијата да ја обезбедува критичната инфраструктура, да не стравуваме дали водата од чешма е безбедна

Следно

Официјално: Клоп е нов селектор на Германија

Latest from Blog

Израел детонираше 1.100 тони експлозив во Либан, предизвикувајќи ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,1 ПО РИХТЕР

Во четвртокот вечерта, Израел спроведе операција на ридот Али Тахер, стратешки рид јужно од Набатија. Моќните експлозии испратија ударни бранови низ јужен Либан и предизвикаа земјотрес со магнитуда од 4,1 степен. Според

Венс добил шокантни информации

Сликата што ја доби се разликува од официјалната верзија што ја промовираше Доналд Трамп. Како што откри „Њујорк тајмс“, Венс добил катастрофални информации од командантите за ситуацијата во американската војска, во контекст

Божиновска на средба со Ацевски: Секоја забелешка мора да значи конкретна мерка

Божиновска: Ревизорските препораки мора да станат конкретни мерки со рокови и одговорност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски, на која
Go toTop