Македонскиот пасош на 33. место во светот, посилен од повеќето во регионот

July 23, 2026
1 min read

Скопје, 21 јули – Македонскиот пасош се наоѓа на 33. место на светската ранг-листа според моќта на патните исправи, покажуваат најновите податоци на Passport Index на Arton Capital, пренесува Журнал.

Според рангирањето, граѓаните на Северна Македонија можат да патуваат без виза во 85 земји, со што македонскиот пасош е меѓу најсилните во регионот. Од земјите од Западен Балкан, подобро е рангиран само српскиот пасош.

Само Србија е пред Македонија во регионот

Српскиот пасош се наоѓа на 32. место со можност за безвизно патување во 91 држава, што е една позиција и шест дестинации повеќе од македонскиот.

Зад Македонија следуваат Црна Гора, која е на 34. место со ист број на безвизни дестинации (85), а потоа Албанија и Босна и Херцеговина, кои го делат 40. место со пристап до 81 земја без виза.

Најслабо рангиран во регионот останува Косово, кое се наоѓа на 53. место со можност за безвизно патување во 58 држави.

Хрватска меѓу најмоќните пасоши во светот

Во европски рамки, Хрватска се наоѓа на високото петто место во светот, со пристап без виза до 128 дестинации. Истата позиција ја дели со Словенија, Романија, Чешка, Словачка, Бугарија и Естонија.

Разликата меѓу хрватскиот и македонскиот пасош изнесува 43 дестинации. Како членки на Европската Унија и Шенген-зоната, Хрватска и Бугарија имаат корист од договорите за визна либерализација што Унијата ги склучува колективно, привилегија што Северна Македонија, иако е земја-кандидат за членство, сè уште ја нема.

ОАЕ со најсилен пасош, Авганистан на дното

На глобално ниво, Обединетите Арапски Емирати се на првото место со можност за патување без виза во 138 земји, пред Франција и Шпанија, кои го делат второто место со 132 безвизни дестинации.

На последната, 94. позиција, се наоѓа Авганистан, чиј пасош овозможува безвизен пристап во само шест држави. Разликата меѓу најмоќниот и најслабиот пасош во светот изнесува 132 дестинации, покажуваат податоците на Passport Index, пренесува Журнал.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Битола има што да понуди, туризмот е важен двигател на економијата

Следно

Иновациите го менуваат рударството: „Сувото одлагалиште“ како решение за поголема заштита на природата

Latest from Blog

Божиновска: Македонија станува дел од европската водородна револуција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заврши првата сеопфатна Водородна студија за Македонија, документ кој ги анализира можностите за развој на водородниот сектор и отвора пат кон создавање модерна и

Американската војска употреби стратешки бомбардер Б-1 за напад на Корпусот на гардата на исламската револуција

Според американскиот портал, ова е прва мисија на бомбардерот Б-1 по обновувањето на конфликтите меѓу САД и Иран пред 12 дена и претставува значително проширување на американската воена кампања. Овој тип на

Иновациите го менуваат рударството: „Сувото одлагалиште“ како решение за поголема заштита на природата

Технолошките иновации сè повеќе го трансформираат рударството, а една од најзначајните е примената на „суво одлагалиште“. Овој метод, кој добива поддршка од меѓународната научна и стручна јавност, овозможува рударскиот отпад да се
Go toTop