Тројца обвинети за продажба на дрога и амфетамин во Катланово

March 25, 2023
1 min read

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека поднесе обвинителен акт против три лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира Основното јавно обвинителство Скопје, двајца од обвинетите се гонат за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи во временскиот период од почетокот на ноември до средината на декември 2022 година, со умисла вршеле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тие, како што се наведува во соопштението, неовластено продавале наркотична дрога – марихуана и психотропна супстанца – амфетамин на зависници во Скопје. Додека, пак, третиот обвинет се гони за соизвршителство при последната продажба.

Според соопштението, на 25 декември во атарот на селото Катланово во Скопје, тројцата обвинети заедно, неовластено организирале и заради продажба држеле психотропна супстанца – амфетамин во вкупна нето маса од 7.044,4 грама, која  првиот обвинет ја понудил на продажба за сума од 15 000 евра.

-Кога се сретнале за да се реализира продажбата, другите двајца обвинети стоеле во непосредна близина за да известат доколку забележат движење или присуство на полиција.  При полициска акција, координирана од надлежниот јавен обвинител, обвинетите биле затекнати и се обиделе да избегаат. Сепак, полициските службеници ги лишија од слобода тројцата обвинети, а психотропната супстанција ја запленија, се наведува во соопштението на ОЈО.

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека дел од истата операција, во тек е постапка против уште едно лице, осомничено за помагање при извршување на кривичното дело, додека со едно осомничено лице кај кое беше откриено помало количество дрога вчера беше склучена предлог-спогодба со која тоа го признава делото. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Украина: 11-годишно девојче го продолжува школувањето во засолниште од 4 квадратни метри

Следно

Румен Радев – човекот на Кремљ, коментираат бугарските медиуми

Latest from Blog

Во Лондон се отвора архива за животот и кариерата на Дејвид Боуви- ќе има над 90.000 предмети

Од сабота, обожавателите и истражувачите заинтересирани за покојната британска музичка легенда ќе можат да видат околу 90.000 предмети со закажување во Центарот Дејвид Боуви во V&A East Storehouse во источен Лондон. Наречен

Јавно достапен регистар на осудени злоставувачи на животни- гувернерот на Делавер потпиша нов закон

Гувернерот на Делавер, Мет Мејер, потпиша нов закон со кој ќе се создаде јавен регистар на осудени злоупотребувачи на животни, со цел да се спречат осудените злоупотребувачи да поседуваат домашни миленици или

Трибина за граѓанска писменост во Сремски Карловци: „И на крајот никој не е сам?“

Трибина посветена на граѓанската писменост ќе се одржи денес, 10 септември, во Сремски Карловци. Настанот го организираат учениците и професорите од Карловачката гимназија, а носи наслов „И на крајот никој не е

Руте: Подготвени сме да ја браниме секоја педа од територијата на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека бројни руски беспилотни летала го нарушиле полскиот воздушен простор синоќа, по што била активирана воздушната одбрана и биле ангажирани сојузниците на Алијансата. „Нашата одбрана
Go toTop