Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

July 11, 2026
1 min read

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои и понатаму се на терен во обид целосно да го локализираат пожарот.

Според информациите од Општина Валандово, пожарот во моментов се држи под контрола, но неговото гаснење е отежнато поради непристапниот терен, каде што механизацијата тешко може да интервенира.

Од локалната самоуправа посочуваат дека, според првичните сознанија, не станува збор за случаен предизвикувач на пожар, туку за лице кое добро го познава теренот и избира локации каде што противпожарните екипи најтешко можат да интервенираат.

Паралелно со интервенцијата, ТППЕ Валандово повторно упати апел до граѓаните да не палат стрништа и други површини на отворен простор, потсетувајќи дека ваквите постапки се казниви согласно закон и претставуваат сериозна опасност за животот, имотот и животната средина.

„Против секое лице кое ќе биде затекнато или пријавено дека пали стрништа ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежните институции“, информираат од ТППЕ Валандово.

Од службата ги повикуваат граѓаните веднаш да пријават доколку забележат пожар на телефонските броеви 193 (Територијална противпожарна единица) или 112 (Единствен број за итни случаи). Овој пожар доаѓа само неколку дена откако Општина Валандово најави засилени мерки за превенција од пожари. На состанокот на Локалниот совет за превенција беше договорена поинтензивна координација меѓу надлежните институции, како и засилени контроли и патроли на критичните локации, со идентификација на лица кои се движат во ризичните подрачја.

Воедно, од општината потсетуваат дека сè уште е во сила владината одлука за целосна забрана за движење во шумите, освен за лицата кои поседуваат соодветна дозвола издадена од ЈП „Национални шуми“.

Надлежните повторно апелираат до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување, нагласувајќи дека превенцијата останува најдобрата заштита од пожари.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Следно

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Latest from Blog

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи,

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за

Колумбија стравува од нов случај Ескобар: Смртни закани за Кампаз кој промаши златна шанса за четвртфинале

Колумбиската фудбалска федерација ги осуди смртните закани упатени кон играчот од средниот ред, Хаминтон Кампаз и неговото семејство, по елиминацијата на Колумбија од Светското првенство во 2026 година. Колумбија беше елиминирана во
Go toTop