Неделен преглед на Македонската берза: Над 76 милиони денари промет и пад на водечките акции

July 11, 2026
1 min read

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Во периодот од 06.07.2026 до 10.07.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 76.754.333,27 денари, од кои 74.524.333,27 денари беа реализирани преку редовно тргување, додека 2.230.000 денари беа реализирани преку блок-трансакција со акциите на Алкалоид Скопје.

Ликвидноста во неделата ја водеа Алкалоид Скопје, Комерцијална банка Скопје и Стопанска банка Скопје.

Топ добитници

· Македонски Телеком Скопје +1,03%

Топ губитници

· Алкалоид Скопје –6,64%
· Комерцијална банка Скопје –3,08%
· Стопанска банка Скопје –3,00%

Најтргувани хартии од вредност

· Алкалоид Скопје – 29.893.472 денари
· Комерцијална банка Скопје – 28.748.341 денари
· Стопанска банка Скопје – 6.871.330 денари

Блок-трансакции

Во текот на неделата беше прикажана една блок-трансакција со акциите на Алкалоид Скопје, реализирана по цена од 22.300 денари за 100 акции, со вкупна вредност од 2.230.000 денари.

Обврзнички пазар

Во обврзничкиот сегмент беше реализиран промет од 1.463.986,27 денари. Се тргуваше со Р. Македонија – денационализација 20, со промет од 19.216,28 денари, како и со Р. Македонија – денационализација 24, со промет од 1.444.769,99 денари.

Неделата заврши со вкупен промет од 76.754.333,27 денари, при што најтргувани беа акциите на Алкалоид Скопје, вклучувајќи ја и блок-трансакцијата реализирана во текот на неделата. Значителна ликвидност беше забележана и кај Комерцијална банка Скопје и Стопанска банка Скопје. Единствен позитивен неделен поместок имаше Македонски Телеком Скопје со раст од 1,03%, додека најизразен пад беше забележан кај Алкалоид Скопје со –6,64%.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барса подигна кредит од 210 милиони евра за Алварез и Адејеми!

Следно

Пропадна трансферот на Едерсон во Мачестер Јунајтед

Latest from Blog

Проданоски: Земјоделците од Мажучиште и Коњари нема да бидат оставени сами

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град. Невремето предизвика сериозни

Мицкоски најави можно намалување на ДДВ за горивата

Владата планира намалување на ДДВ за нафтените деривати по последниот раст на цените на горивата, најави премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање дали се размислува за намалување на ДДВ, Мицкоски одговори дека
Go toTop