Барса подигна кредит од 210 милиони евра за Алварез и Адејеми!

July 11, 2026
1 min read
ФОТО: FC Barselona/X

Факт е дека Хоан Лапорта успеа да ја стабилизира Барселона, дури и до одреден степен да ја извлече од финансиската криза во која западна, но меѓу многу експерти и навивачи постои страв дека станува збор за популистички потези, кои само привремено ги решаваат проблемите.
Да се ​​потсетиме дека пред три години, Лапорта однапред продаде 25 проценти од ТВ правата на американска инвестициска компанија за период од 25 години, а беа склучени и разни кредитни аранжмани со светски банки. Благодарение на тие финансиски инјекции, клубот можеше да стане конкурентен на пазарот, да влезе во реконструкција на стадионот, но е далеку од тоа целосно да биде на нозе. Најдобар доказ за ова е подигањето нов заем од дури 210.000.000 евра.

„Мундо депортиво“ пишува дека меѓународната агенција „Морнингстар ДБРС“ го потврди кредитниот рејтинг на Барселона, објаснувајќи дека тоа „ја зајакнува довербата во силата на бизнис моделот и финансиската стратегија на клубот“. Сепак, истата агенција веднаш го ревидираше економскиот статус на шпанскиот шампион од „позитивен“ на „стабилен“, наведувајќи го како главна причина отворањето на две нови кредитни линии.
Според истиот извор, првата транша од 105.000.000 евра ќе биде достапна веќе овој месец, додека втората треба да пристигне во ноември.
„Тој кредитен аранжман беше дизајниран да ја зајакне финансиската позиција на клубот за тековниот преоден рок“, наведува Мундо и подвлекува дека Барса, како кредитен гарант, повторно ветила приходи од идните ТВ права?!
Таа прва финансиска инјекција што ќе пристигне овој месец треба да послужи за исплата на отштета на Атлетико за Хулијан Алварез и на Борусија Дортмунд за Карим Адејеми. Исто така, дел од парите ќе бидат пренасочени за исплата на лични приходи на вработените.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Следно

Неделен преглед на Македонската берза: Над 76 милиони денари промет и пад на водечките акции

Latest from Blog

ПРЕМИЕРОТ ПОПУШТИ ПРЕД БАРАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ – Итно ангажирани 3.000 наставници

Француската влада конечно попушти под притисокот од двонеделните масовни ученички протести кои ја потресоа земјата – премиерот Себастиен Лекорну најави итно ангажирање на повеќе од 3.000 наставници во училиштата кои се соочуваат

Ligji për Specialen: Çfarë pritet më tutje?

Kuvendi i Kosovës i miratoi më 6 tetor ndryshimet në Ligjin për Dhomat e Specializuara dhe Zyrën e Prokurorit të Specializuar, pasi katër ish-krerë të Ushtrisë Çlirimtare të Kosovës u dënuan më

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува
Go toTop