Во студентски дом ќе може да престојуваат само студенти до 30 години – построги услови со предложените законски измени

July 10, 2026
1 min read

Во Собранието се доставени измени на Законот за студентски стандард со кои се заоструваат условите за сместување во државните студентски домови и се утврдува горна старосна граница од 30 години за добивање и користење на место во дом.

Предлог-измените предвидуваат изрекување воспитни мерки и забрани за престој при прекршување на домскиот ред, како што се:

пушење во собите,
внесување и употреба на алкохол,
оштетување инвентар,
пуштање гласна музика и
неуредно одржување на хигиената.
За потешки повреди може да се изрече забрана за користење на услугите на студентските домови на целата територија на државата во траење од една до пет години. Такви повреди се, меѓу другото, внесување и употреба на алкохол во собите, отстапување на соба на друго лице со остварување материјална корист и нередовно плаќање станарина.

Во измените се предвидени санкции и за:

ненавремено пријавување дефекти на уредите што можат да предизвикаат материјална штета,
внесување и употреба на наркотични средства,
непочитување прописи за заштита од болести,
пожар и експлозија,
штетно дејствување на отрови и други опасни материи,
прекршување на прописите за заштита на животната средина.
Забрани ќе следат и за навредливо, заканувачко, агресивно или насилничко однесување, физичко или психичко малтретирање, вознемирување, дискриминација и друго недолично постапување, при што во предлогот се наведуваат и дополнителни прекршувања.

Измените на Законот за студентски стандард, поднесени пред три дена, се со потпис на четири пратенички од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тоневски: Инвестираме во современа инфраструктура – Калниште добива нова сообраќајница

Следно

ВЛЕН: Над 300 проекти и милионски инвестиции – резултатите се мерило за работата

Latest from Blog

ПРЕМИЕРОТ ПОПУШТИ ПРЕД БАРАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ – Итно ангажирани 3.000 наставници

Француската влада конечно попушти под притисокот од двонеделните масовни ученички протести кои ја потресоа земјата – премиерот Себастиен Лекорну најави итно ангажирање на повеќе од 3.000 наставници во училиштата кои се соочуваат

Ligji për Specialen: Çfarë pritet më tutje?

Kuvendi i Kosovës i miratoi më 6 tetor ndryshimet në Ligjin për Dhomat e Specializuara dhe Zyrën e Prokurorit të Specializuar, pasi katër ish-krerë të Ushtrisë Çlirimtare të Kosovës u dënuan më

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува
Go toTop