„Ова беше најголемиот грабеж во историјата на светските првенства“

July 8, 2026
1 min read

Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата на Светското првенство“.

Лама верува дека Египет бил тешко оштетен во неколку клучни ситуации и дека токму арбитражата го одлучила победникот на еден од најдобрите натпревари на турнирот.

„Денес бев сведок на големиот камбек на Аргентина и еден од најголемите грабежи што ФИФА ги извршила во светот на фудбалот“.

Тој конкретно се осврна на поништениот гол на Египет.

„Она што ФИФА му го направи на Египет е најголемата измама што сум ја видел во мојот живот. Ја пуштија играта да помине, гледаме гол, сè е завршено, а потоа човекот од ВАР собата одлучува да преиспита сè и го поништуваат голот на Египет“.

Шпанскиот новинар верува дека судиите морале да ги преиспитаат ситуациите во шеснаесетникот на Аргентина.

„Во врска со третиот гол на Аргентина, постојат две ситуации што мораше да се разгледаат. Јасно влечење и соборување на египетски играч без можност да игра со топката, а потоа контакт со ногата на Салах во шеснаесетникот.“

Сепак, Лама истакна дека не мисли дека овие ситуации мора нужно да се санкционираат како прекршоци, туку дека го мачат нееднаквите критериуми.

„За мене, немаше ниту прекршок што го поништи голот на Египет, ниту пенал против Салах. Проблемот е што едната ситуација беше разгледана, а другата не.“

На крајот, тој направи паралела со некои од најконтроверзните моменти во историјата на светските првенства.

„Ја видов раката на Марадона, го видов голот на Тиери Анри… Но, она што го видов денес е најголемата измама во историјата“.

Сепак, тој нагласи дека неговите критики не се насочени кон аргентинската репрезентација или Лионел Меси.

„Тоа не значи дека Аргентина не заслужи да победи или дека Меси не е најдобриот играч на светот. Тој е најдобар во историјата, но судијата и ВАР системот го посрамотија фудбалот.“

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Барселона забележан нов температурен рекорд

Следно

Кредибилитетот што го изградила во НАТО, Македонија да го искористи за деблокада во ЕУ, предлага Шекеринска

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop