Screenshot

Божиновска: Продолжен рокот за државната поддршка – нова можност на граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гас

July 7, 2026
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка за домаќинствата кои инвестираат во гасификациски решенија. Новиот рок за поднесување барања е до 31 октомври 2026 година.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска информираше дека измените на Програмата се веќе објавени во „Службен весник“, со што на граѓаните им се дава дополнителна можност да ја искористат мерката за намалување на трошоците за греење.

„Нашата цел е да им дадеме дополнително време и можност на што поголем број семејства да ја искористат оваа мерка и значително да ги намалат своите трошоци за греење во претстојната сезона“, изјави Божиновска.

Според мерката, домаќинствата кои во текот на 2026 година ќе направат куќен приклучок на гас или ќе набават котел на гас за објект кој веќе бил приклучен на системот до 1 јануари 2026 година, ќе можат да добијат поврат до 70 проценти од направените трошоци, односно најмногу до 30.000 денари.

За оваа намена се обезбедени вкупно 3 милиони денари, а средствата ќе се доделуваат според принципот „прв дојден – прв услужен“.

„Енергетската транзиција не е луксуз, туку развојна можност која треба да биде достапна за секое семејство. Со оваа мерка создаваме услови за почисто, поеколошко и енергетски посигурно греење“, порача Божиновска.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поевтина храна, пониски цени на горивата – инфлацијата во јуни падна за 0,5%

Следно

МБИ10 со ново намалување: Над 13 милиони денари промет на берзанската сесија

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop