Поевтина храна, пониски цени на горивата – инфлацијата во јуни падна за 0,5%

July 7, 2026
1 min read

Инфлацијата во јуни забележа месечен пад од 0,5 отсто, најмногу поради поевтинувањето на храната и горивата. Сепак, на годишно ниво трошоците на животот и натаму растат и се за 3,4 насто повисоки отколку во јуни лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во однос на мај, најголемо намалување на трошоците е регистрирано кај транспортот, каде што цените се пониски за 1,6 проценти, додека храната и безалкохолните пијалаци поевтиниле за 1,1 процент. Оттаму и најголемиот импулс за месечното спуштање на инфлацијата во негативна зона.

Од друга страна, најголем месечен раст е забележан кај рекреацијата, спортот и културата – цените се повисоки за 1,4 проценти. Следуваат личната нега, социјалната заштита и разновидните услуги со раст од 0,5 проценти, додека покуќнината, опремата за домаќинствата, рестораните и хотелските услуги поскапеле за 0,3 проценти. Кај здравствените услуги и телекомуникациите има раст од 0,2 проценти, а кај облеката и обувките за 0,1 процент.

 

На годишно ниво најголемо поскапување има кај алкохолните пијалаци и тутунот. Цените се зголемени за 9,3 проценти. Во транспортот е регистриран раст од 6,2 проценти, кај рестораните и хотелските услуги 4,9 проценти, покуќнината – 4,2 проценти и во областа на рекреацијата, спортот и културата – 5,1 процент.

Храната и безалкохолните пијалаци, како најзначајна ставка во потрошувачката кошничка на годишно ниво се поскапи за 2,5 проценти, а домувањето, електричната енергија, водата и гасот бележат раст од 2,8 проценти.

Индексот, пак, на цените на мало во јуни е намален за 0,8 проценти во споредба со мај, но на годишно ниво бележи раст од 3,6 проценти.

Извор: pari.com.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

AI во HR повеќе не е иднина туку нов стандард за паметно вработување

Следно

Божиновска: Продолжен рокот за државната поддршка – нова можност на граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гас

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop