Анонимен корисник инвестирал околу 400.000 долари на платформата за крипто обложување Polymarket, предвидувајќи дека Владимир Путин нема да биде претседател на Русија на крајот од 2026 година!
Мистериозниот облог привлече големо внимание на јавноста во време кога вниманието расте на можни обложувања од инсајдери и обложувања на геополитички настани, како што се војни, на онлајн платформи за предвидување на исходи, објави Forbes.

Облогот, како што првично објави NBC News, го поставил анонимен профил на платформата Polymarket под корисничкото име ZnotluvuiSamez, чија профилна фотографија го прикажува знамето на Украина.
Корисникот поставил повеќе облози поврзани со Русија и Украина, но неговиот најголем облог досега бил 409.000 долари во договори „Да“ на прашањето:
„Дали Путин ќе престане да биде претседател на Русија до 31 декември 2026 година?“.
Од таа сума, 50.000 долари биле инвестирани рано наутро во четврток.
Ова обложување значително отстапува од пазарните проценки, бидејќи пазарот на обложување гледа само 12 проценти шанси Путин да го изгуби претседателството, иако редовните претседателски избори во Русија не се закажани пред 2030 година.
Според NBC News, мистериозниот обложувач би можел да заработи дури 2,5 милиони долари ако неговото предвидување се покаже како точно.
Извор: vecer.mk

