Готово е: Тонали потпишува за Тотенхем!

July 1, 2026
1 min read
ФОТО:facebook.com/newcastleunited/

Нова “бомба“ која е поврзана со Тотенхем. Вчера беше објавено дека Тотенхем го срушил рекордот за трансферна цена за доведување играч со трансферот на Матеуш Фернандеш, а веќе вечерва тоа одамна е „стара вест“ откако Сандро Тонали ја зема славата на малку помладиот Португалец.
Според Дејвид Орнштајн, еден од најдоверливите извори во врска со фудбалските трансфери, Њукасл се согласил на понуда од 100 милиони фунти од Тотенхем, која вклучува 92,5 милиони фунти фиксна сума + 7,5 милиони фунти бонуси.

Ако се земе предвид дека италијанскиот репрезентативец веќе ги прифатил профитабилните услови на договорот со Тотенхем, јасно е дека поранешниот капитен на Милан ќе стане жител на северен Лондон од ова лето.
Иако Тонали нема да биде најскапата продажба на Њукасл, бидејќи Италијанецот нема да го надмине минатогодишниот трансфер на Александар Исак во Њукасл, искусниот играч од средниот ред сигурно ќе запише во историјата на „летниот пазар“ на англискиот фудбал.
Како што обично бива, се очекува договорот да биде завршен до крајот на неделата, при што Тотенхем ќе добие одличен играч од средниот ред и компензација од Њукасл од која ќе може да најде замена.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Следно

Кој е новиот министер за земјоделство? Од лани поседува голема фотоцентрала за електрична енергија

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop