Дивоградбите остануваат државен проблем: Лани регистрирани 911 нови бесправно изградени објекти

July 1, 2026
1 min read

Бесправната градба и натаму останува еден од најголемите урбанистички и институционални предизвици во Македонија. И покрај тоа што процесот на легализација започна пред повеќе од една деценија со цел трајно да се реши проблемот, државата и понатаму се соочува со нови дивоградби, а старите предмети сè уште не се целосно затворени.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во текот на 2025 година во земјава се евидентирани 911 бесправно изградени објекти. Најголем дел од нив се наменети за домување – 169 објекти, што претставува 18,6 проценти од вкупниот број. Од нив, 128 се исклучиво станбени објекти, 24 се претежно станбени, а 17 се објекти за одмор и рекреација.

Покрај станбените објекти, меѓу новоевидентираните дивоградби има огради, деловни објекти, натстрешници, доградби, надградби, гаражи и други помошни градби. Податоците покажуваат дека дури 96,1 процент од бесправно изградените објекти се во приватна сопственост, што укажува дека проблемот најмногу е поврзан со индивидуалното градење без соодветни дозволи.

Иако бројката од 911 нови дивоградби можеби не изгледа драматична ако се спореди со претходните години, таа добива сосема поинакво значење кога ќе се земе предвид дека процесот на легализација започнат во 2011 година сè уште не е завршен. Наместо еднаш засекогаш да се воспостави ред во урбанистичкиот систем, државата и натаму се соочува со паралелна реалност – од една страна важат законите, урбанистичките планови и процедурите за добивање дозволи, а од друга продолжува практиката објекти да се градат без одобрение, а потоа со години да чекаат да бидат легализирани.

Законот за постапување со бесправно изградени објекти беше донесен со цел да се утврди правниот статус на објектите изградени без градежна дозвола или спротивно на издаденото одобрение. Намерата беше да се направи пресек на состојбата, да се утврди кои објекти можат да бидат вклопени во законската рамка, а кои треба да бидат предмет на санкции. Но, наместо краткорочна мерка, легализацијата се претвори во долг и сложен административен процес.

Во изминатите години во општините биле поднесени околу 430.000 барања за легализација, а значителен дел од нив и денес не се конечно решени. Причините се различни – нерешени имотно-правни односи, наследни постапки, судски спорови, нецелосна документација, несовпаѓање на катастарската и фактичката состојба, недостиг од геодетски елаборати, како и преоптовареноста на општинските служби.

Експертите предупредуваат дека долгото траење на постапките создава чувство на правна несигурност и испраќа порака дека бесправното градење често останува без вистински последици. Според нив, освен завршување на старите предмети, неопходно е да се зајакне инспекцискиот надзор и навремено да се спречува ново бесправно градење, наместо проблемот повторно да се решава преку нови бранови на легализација.

И покрај бројните законски измени и најавите за воспоставување поголем ред во урбанизмот, најновите статистички податоци покажуваат дека дивоградбите и понатаму се дел од секојдневието во Македонија, а нивното конечно решавање останува еден од најголемите предизвици за државните и локалните институции.

Извор: zurnal.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во случај на отказ, Нагелсман ќе добие 14 милиони евра!

Следно

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Latest from Blog

Готово е: Тонали потпишува за Тотенхем!

ФОТО:facebook.com/newcastleunited/ Нова “бомба“ која е поврзана со Тотенхем. Вчера беше објавено дека Тотенхем го срушил рекордот за трансферна цена за доведување играч со трансферот на Матеуш Фернандеш, а веќе вечерва тоа одамна

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер

Во случај на отказ, Нагелсман ќе добие 14 милиони евра!

ФОТО:.facebook.com/DFBTeamEN/ Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, се обезбеди во случај да добие отказ по Светското првенство. Тоа лесно може да се случи, бидејќи четирикратните светски шампиони веќе беа сопрени во 1/16 финалето.

Гаши-Папуашвили: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на
Go toTop