Николоски: Очекуваме брзо отворање на првите Лидл маркети во Македонија

July 1, 2026
1 min read

Означуваме почеток на навистина еден огромен објект за Струмица и за целиот регион. Сакам да честитам, како овој простор изгледаше само пред неколку месеци, како изгледа денес а како ќе изгледа за неколку месеци е навистина една целосна трансформација. Драго ми е што најголем бренд во трговијата, во продажбата како што е „Лидл“ доаѓа во Македонија, тоа многу значи. Многу значи за државата, за мапирање на државата, многу значи и за бизнис климата. Драго ми е што можеме да дадеме поддршка и да овозможеме да се реализираат инвестиции кој што се некаде околу 200 миулиони евра во државата, истакна денеска при своето обраќање на поставувањето на камен темелник на маркет на Лидл во Струмица вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Се бориме за секоја инвестиција, за секое евро, за секое работно место. 200 милиони евра за нашата економија, како македонската е огромна работа, рече Николоски.

-Во однос на овој објект, сметам дека ќе даде голема можност за развој на целиот регион, дека ќе ги донесе најдобрите производи за потрошувачите од Струмица и струмичко, истои така сум убеден дека Лидел Македонија тука но и пошироко ќе ги препознае најдобрите производи од Струмица и струмичко, најдобрите раноградинарски работи се произведуваат токму тука и сум убеден дека бројни производи од струмичкото поле ќе се најдат на трпезите на многу луѓе, не само во Македонија, туку и во целиот регион. Знам дека веќе Лидл прави извоз, многу значи за земјоделците, ова е земјоделски крај и ова е крај каде што се заработува со мака, со пот. Се почнува да се работи од рано наутро, луѓето знаат да го ценат трудот и затоа сум благоданен што успевате да најдете пласман за нивните производи и сериозно да влијаеете на подобрување на цената на производте, додаде вице премиерот и продолжи:.

 

„Во следниот период ќе продолжиме да даваме поддршка секаде онаму каде што можеме да ги олесниме процедурите. Во таа насока направивме измени на правилникот за урбанистичко планирање со кои што вакви објекти како овој треба да стануваат реалност во целата држава што поскоро и побрзо и на тој начин да се развива целата оваа приказна и се надевам дека за многу скоро околу Нова година ќе ги видиме првите Лидл маркети отворени во Македонија“.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Реконструкција на „11-ти Октомври“ – нови тротоари, велосипедски патеки и осветлување во Прилеп

Следно

Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop