Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

June 27, 2026
2 mins read

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со тинејџерка чие тело беше пронајдено во куфер фрлен во близина на Пловечкиот пазар во Патаја, на источниот брег на Тајландскиот Залив, објавија локалните медиуми и агенцијата Франс Прес.

Засега не е точно познато каква врска имале Австралијанецот и жртвата.

Снимките од безбедносните камери доведоа до осомничениот

Снимките од безбедносните камери го покажуваат осомничениот како влегува во стан во одморалиштето Патаја во раните утрински часови во четврток, заедно со 17-годишната Тајландка Тунчанок Донхомл.

Неколку часа подоцна, тој ја напуштил зградата носејќи голем црн куфер, кој потоа го однел на задниот дел од мотоцикл. „Патаја 24 њуз“ објави видео од девојка и маж кои се држат за раце додека чекаат лифт околу 3:30 часот наутро, како и видео од маж кој носи куфер од зградата.

Истрага и пронаоѓање на телото

Полициската станица во Патаја побара од службата за имиграција да го спречи мажот да го напушти Тајланд. Тој беше приведен на аеродромот „Суварнабхуми“ во Бангкок додека се обидуваше да избега од земјата. Осомничениот, кој негира вмешаност во киднапирањето и убиството, беше испрашуван и даде информации за локацијата каде што беше фрлен куферот.

Вчера полицијата пронајде куфер во близина на железничката пруга, со телото на жртвата внатре, со знаци на насилство, објави локалната веб-страница „Патаја њуз“.

Службеник на полицијата во Патаја за агенцијата Франс Прес изјави дека истражителите чекаат резултати од обдукција и други докази пред да поднесат обвинение. Службеникот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, додаде дека обвиненијата може да вклучуваат киднапирање на дете, убиство, прикривање на труп и „киднапирање на малолетно лице за сексуални цели“. Според порталот „Нејшн Тајланд“, мажот е уапсен под обвинение за убиство и криење на телото.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија потврди дека одделот „обезбедува конзуларна помош на австралиски државјанин приведен во Тајланд“. „Поради нашите обврски за заштита на приватноста, не сме во можност да дадеме дополнителни коментари“, се вели во соопштението.

Имал гребнатини

Полицијата, исто така, наведува дека кога Карман бил уапсен на аеродромот, имал видливи гребнатини на вратот и рацете, за кои истражителите веруваат дека биле одбранбени рани предизвикани за време на тепачка.

Шефот на полицијата во Патаја, полковник Анек Саратонгју, рече дека Карман првично бил обвинет за одведување на малолетничка да изврши непристојно дело. „Веруваме дека ја убил и го испрашуваме под сомнение за убиство“, рече тој. „Таа има гребнатини од нокти на телото што се во согласност со тепачка, но тој негира дека ја убил“.

Во видео објавено од Pattaya 24 News, Карман се обратил до семејството на жртвата: „Жал ми е за она што се случи со вашата ќерка. Беше надвор од моја контрола. Знам дека мора да сте многу тажни и вознемирени“.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија потврди дека тие обезбедуваат конзуларна помош на австралиски државјанин приведен во Тајланд. „Поради нашата обврска да ја заштитиме приватноста, не можеме понатаму да коментираме“, рече портпаролот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Следно

Хрватска најдобра кога е најпотребно, Англија ја “реши“ Панама!(ВИДЕО)

Latest from Blog

Над 30 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос

Јувентус и официјално има нов голман

Досегашниот голман на тимот на Тотенхем, Гиљермо Викарио и официјално е претставен како нов чувар на мрежата на тимот на Јувентус. Во објавата од Торино се вели дека Викарио на крајот од

Лукашенко доби пушка на подарок: „Не за војна… За безбедност во мир!“

Лукашенко посети компанија која развива високотехнолошки производи за воени и цивилни цели, а во таа пригода му беше врачена автоматска пушка „VSK-100B“. Подарокот беше придружен со плоча со натпис: „Не за војна…

Претседателот на Собранието Гаши на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата – 18 Август. Во рамки на одбележувањето, претседателот Гаши ја упати својата благодарност до сите припадници

Проданоски: Сите ресурси се активирани за пожарот кај Чаниште

Пожарот што го зафати селото Чаниште и дел од околината во Мариовскиот регион претставува сериозен предизвик, но најважно е што во огнената стихија нема човечки жртви, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан
Go toTop