Проданоски: Прилеп горд на своите ученици – тие се амбасадори на знаењето

June 26, 2026
1 min read

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва ќе им оддаде признание на најуспешните ученици од градот на свечен настан посветен на нивните достигнувања во образованието. Во пресрет на настанот, Проданоски порача дека младите и нивните успеси се најсилната потврда за квалитетот, трудот и посветеноста во образованието.

„Нашите ученици се нашата најголема гордост и најсилна потврда дека знаењето, трудот и посветеноста секогаш носат резултати“, истакнува Проданоски.

Во паркот на Могилата, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи свечен настан на кој ќе бидат доделени признанија на наградените ученици од државни и меѓународни натпревари, како и на првенците на генерациите, кои со своите резултати достојно го претставуваат Прилеп.

Настанот ќе биде збогатен со музичко-забавна програма, а неговата цел е да им се оддаде признание за трудот, знаењето и посветеноста на младите.

Проданоски порача дека тие се вистински амбасадори на знаењето и инспирација за новите генерации, нагласувајќи дека иднината на Прилеп е во сигурни раце.

„Да продолжиме заедно да ги поддржуваме младите и нивниот пат кон успехот, затоа што нивниот успех е наша заедничка гордост и гордост на целиот Прилеп“, порачува градоначалникот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Владата инвестира во проекти што носат долгорочни резултати

Следно

Меџити: Координирани активности за заштита од високите температури во Чаир

Latest from Blog

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата
Go toTop