Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

June 25, 2026
1 min read

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на урбаниот простор, јавното здравје и секојдневниот живот на граѓаните.

Тој учествуваше на трибината „Локални мерки за заштита на животната средина во Битола: предизвици и следни чекори“, организирана од Здружението за меѓународна младинска соработка „Интерактив“ од Битола, во рамки на проектот „Зајакнување на локалната отчетност преку граѓански мониторинг во Битола и Кичево“.

Во своето обраќање, Коњановски нагласи дека согласно Законот за урбано зеленило, општините имаат обврска да подготват стратегиски документи кои ги насочуваат планските решенија за зеленилото во сите урбанистички планови и проекти, како и неговата заштита и унапредување.

Тој информираше дека Општина Битола е во фаза на изработка на техничка спецификација за јавна набавка за избор на изработувач на Стратегијата за развој на зеленилото, која ќе претставува основа за идното урбанистичко планирање.

Посебен акцент беше ставен и на Зелениот катастар на општината, кој, како што беше истакнато, претставува современ систем за евиденција и мониторинг на зелените површини и урбаната дендрофлора.

На панел-дискусијата учествуваа и директорот на ЈП „Комуналец“ Битола, Горан Степановски, претставникот од Здружението „Геосфера“ Битола, Тони Гештаковски, и претседателката на Организацијата на жени на општина Битола, Светлана Петковска, додека презентација за мониторирање на општинската програма имаше Целе Јолевски, проектен монитор.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Винисиус го исполни ветувањето! Сега чека подарок од Дон Карло

Следно

Мицкоски за реконструкцијата на владата: Понекогаш тоа се прави затоа што се менуваат приоритетите

Latest from Blog

Божиновска: Македонија се поврзува со нови извори на гас преку Грција и Србија

Приклучувањето на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор претставува значајна стратешка можност за земјата да ја зајакне својата позиција на европската енергетска карта и да стане важна алка во регионалната и европската гасна

Министерството за финансии воведува построги правила за лиценците за казина, обложувалници и автомат клубови

17 август 2026, Скопје – Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот

„И екологија и рударство“: ЕУ поддржува нови проекти, Иловица со фонд од 30 милиони евра за рекултивација

Европскиот пристап кон критичните минерали покажува дека развојот на рударството и заштитата на природата не мора да бидат спротивставени цели. Доказ за зголемениот интерес е вториот повик на Европската Унија за финансиска
Go toTop