ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго

June 24, 2026
1 min read

Франција го
пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако
беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР
Конго), е позитивен на вирусот. Француското министерство за здравство соопшти
дека лекарот се вратил од хуманитарна мисија, јавува „Скај Њуз“
.

Пациентот е
ставен во изолација, а надлежните служби ги следат и ги идентификуваат сите
лица кои биле во контакт со него, наведе министерството, додавајќи дека ризикот
за пошироката европска популација е низок.

Според
податоците на Светската здравствена организација (СЗО), епидемијата на ебола во
ДР Конго, со која се заразени повеќе од 1.000 луѓе, а починаа најмалку 267,
забележа најголем број потврдени случаи во текот на првиот месец од
избувнувањето на болеста во споредба со сите претходни епидемии.

Бројот на
потврдени случаи на ебола во ДР Конго се искачи на 1.094, вклучувајќи 277
смртни исходи, покажаа податоците на владата објавени во вторникот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Следно

Денеска на Мундијалот: Стартува 3.коло во групната фаза, БиХ оди на победа за пласман во 1/16 финалето

Latest from Blog

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата
Go toTop