Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

June 24, 2026
2 mins read

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да биде единствен приредувач на интернет игрите на среќа.

Имено со Решението У. бр. 156/2019 од 6-ти мај 2020 година на Уставниот суд, со кое не се поведува постапка за оценка на уставноста на член 7 ставови 2 и 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, недвосмислено се потврдува уставната оправданост на новото предлог-законско решение, со кое државата задржува посебни права и надлежности во сферата на приредувањето игри на среќа.

Во своето образложение, Уставниот суд јасно оценува дека определбата на законодавецот за задржување на правото за приредување одредени игри на среќа кај државата претставува легитимна законодавна политика заснована на јавен интерес. Притоа, Судот особено ги истакнува видот и карактерот на игрите на среќа, нивната масовна достапност, обемот и сложеноста на нивното организирање, како и потребата од засилена контрола, надзор и заштита на јавниот интерес.

Уставниот суд утврдил дека ваквото законско решение не е спротивно на член 55 од Уставот, односно не ги повредува принципите на слободен пазар и претприемништво, а со кое новиот предлог закон само се надоврзува на веќе донесеното решение. Напротив, Судот нагласува дека станува збор за специфична дејност со изразен социјален аспект, во која државата има право, но и обврска, да воспостави посебен режим на организација, контрола и надзор.

Во таа насока, треба јасно да се истакне дека Државна лотарија како и генералниот директор на Државна лотарија, во своето постапување и јавно излагање, во целост биле запознаени со правната содржина и значењето на наведената одлука на Уставниот суд и своите ставови и дејствија ги темелел токму врз ваквата уставно-судска практика. Постапувањето на генералниот директор на Државна лотарија не било ниту произволно, ниту надвор од законската рамка, туку претставувало доследно следење на важечките законски решенија и на правните ставови веќе потврдени од највисоката уставно-судска инстанца.

Решението јасно потврдува дека уредувањето на пазарот на игрите на среќа е прашање на законодавна политика на државата, при што законодавецот има дискрециско право да одлучува за обемот, начинот и условите под кои ќе се организираат поединечни видови игри на среќа. Оттука, и ставовите што ги застапувал генералниот директор на Државна лотарија не претставуваат лична или политички мотивирана интерпретација, туку правно засновано разбирање на улогата на државата во оваа чувствителна и специфична област.

Од уставно-правен аспект, произлегува дека државата има легитимно право да утврдува дали, под кои услови и во кој обем ќе биде дозволено организирањето на интернет игрите на среќа, имајќи ја предвид својата одговорност за заштита на јавниот интерес, спречување на злоупотреби и обезбедување ефективен надзор над оваа дејност. Токму во тој контекст треба да се цени и постапувањето на генералниот директор на Државна лотарија, кој бил должен да ја почитува постојната законска рамка и да постапува во согласност со уставно дозволените механизми на државна регулација.

Согласно со утврдената практика на Уставниот суд, законските решенија со кои државата задржува одлучувачка улога во регулирањето и организирањето на игрите на среќа, претставуваат уставно дозволен механизам за остварување на јавниот интерес и не можат да се сметаат за повреда на уставните принципи на слободен пазар и еднаквост на субјектите на пазарот. Оттаму, секој обид постапувањето на генералниот директор на Државна лотарија да се прикаже како незаконско, неосновано или спротивно на уставните принципи, е во спротивност со веќе утврдените правни ставови на Уставниот суд.

Затоа, основано може да се заклучи дека генералниот директор на Државна лотарија постапувал совесно, законито и во согласност со уставно-судската практика, имајќи ја предвид својата обврска да го штити јавниот интерес и да обезбеди доследна примена на законската рамка во областа на игрите на среќа.

Останува нејасно, дали непознавањето на законската и уставно судската пракса од страна на АПИС и АСОМ кои дејствуваат во име и за сметка на приватните приредувачи на игри на среќа, е намерна или ненамерна грешка.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Отвораме нови можности за соработка со Шпанија

Следно

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго

Latest from Blog

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија

Николоски: Во Брисел за инфраструктурата, Планот за раст и проширувањето на ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе земе учество на официјални средби организирани од Европската Комисија. На средбите ќе се

Вкупниот промет на Македонската берза над 21,4 милиони денари, МБИ10 порасна 2,60 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.044,58 поени. Во однос

Скопскиот аеродром бележи силен подем: 34,8% раст и место во европскиот врв

Меѓународниот аеродром Скопје во август забележал значителен раст на патничкиот сообраќај, со што се најде меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа во својата категорија. Според најновиот извештај на ACI EUROPE, патничкиот воздушен сообраќај
Go toTop