Коњановски: „Car Show – Битола 2026“ со рекордна посетеност и богата програма

June 21, 2026
1 min read

Исклучителна чест ми беше да го посетам „Car Show – Битола 2026“, настан кој годинава повторно потврди дека Битола може да организира манифестации со меѓународен карактер и високо ниво на организација, истакна Коњановски.

Тој упати честитки до организаторите од „Car Club Bitola“ за нивното вложување во целата програма, нагласувајќи дека станува збор за настан од отворен карактер, наменет пред сè за градот, посетителите и автомобилската заедница.

 

Како што беше посочено, влезот за сите посетители беше бесплатен, што придонесе за голема посетеност и силен интерес од љубителите на автомобилизмот од земјата и странство.

Оваа година, според организаторите, бил зголемен и капацитетот на изложбениот и паркинг просторот пред спортската сала „Боро Чурлевски“, каде беа претставени околу 180 возила во неколку категории – од егзотични и класични модели, до уникатно модифицирани автомобили.

Настанот понуди богата програма со натпревари, награди, забава, храна и пијалоци, како и бројни изненадувања за посетителите.

Беа организирани пет натпревари: најдолго држење на бандаж, тимско влечење со јаже, брзо јадење на хот-дог, трка на коли со туркање и „Car Limbo“.

Дополнително, беа реализирани и активности во соработка со други клубови, здруженија и партнери, со што програмата доби поширок и поразновиден карактер.

И оваа година, како и претходната, беше организиран и хуманитарен дел, преку соработка со неколку здруженија од Битола за поддршка на лица со посебни потреби.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почна одбројувањето за владините фотелји – кој ќе преживее до први јули?

Следно

Венс за преговорите со Иран во Швајцарија: Oчекувам дополнителен напредок во наредните часови

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop