Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола

June 21, 2026
1 min read

Од утре до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и Битола, поради завршни градежни работи за проектот „Градски воз“.

-Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје-Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот ‘Градски воз’, привремено од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година, нема да сообраќаат неколку возови – соопштија од Јавното претпријатие Македонски железници – Инфраструктура.

Станува збор за патничките возови на релација Скопје – Гевгелија 611 (06.20) и 631 (16.55) и Гевгелија – Скопје 630 (04.30) и 632 (17.02); потоа на релација Скопје – Битола 641 (07.06) и 645 (20.05) и Битола – Скопје 640 (03.10) и 644 (18.22); на релација Битола – Велес 642 (12.46) и Велес-Битола 643 (15.25) и на релација Скопје – Велес 2083 (22.40) и Велес – Скопје 600 (05.00).

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Новата линија Виена–Охрид ќе го засили туризмот и економијата

Следно

Иран: Мировниот договор со САД зависи од завршувањето на војната во Либан (ВИДЕО)

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop