Турскиот селектор по елиминцијата: Ова се случува еднаш во 50 години

June 20, 2026
1 min read
ФОТО:.sporx.com/

Турската репрезентација се збогува со Светското првенство во 2026 година откако беше поразена со 1-0 од Парагвај во клучен натпревар од Групата Д.

По болното елиминирање, италијанскиот стручњак на клупата на Турција, Винченцо Монтела, изјави дека среќата воопшто не била на негова страна, истакнувајќи го неверојатниот број на шутеви кон голот во двата одиграни натпревари.

Монтела не криеше колку е повреден од исходот на турнирот.

„Многу, многу ми е жал. Многу сме разочарани. Очекувањата на нашата нација беа огромни, а нашите очекувања беа високи. Жал ми е и за луѓето од Турската фудбалска федерација. Знам колку се трудеа, како и за самите играчи“, рече италијанскиот селектор на клупата на Турција.

Погледнувајќи наназад кон статистиката, Монтела посочи на неверојатен сплет на околности.

„Во фудбалот сум 35 години. Овие работи обично се случуваат еднаш на 50 години, а ни се случи и нам во два натпревари. Имавме 65 шутеви во тие два натпревари (62 според официјалната статистика, уредник, автор), а да не зборуваме за поседувањето на топката. Среќата едноставно не беше на наша страна“, рече тој, додавајќи:

„Им реков на моите играчи да ги држат главите горе. Како што велат, не можеш да се бориш со судбината.“

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стејт департмент: Наредната рунда преговори меѓу Либан и Израел ќе се одржи во Вашингтон

Следно

Проданоски: Со нова опрема до поефикасен систем за отпад во Прилеп

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop