Собраниските комисии дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање

June 19, 2026
1 min read

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување на едно од најважните реформски законски решенија во областа на правосудството. Голем дел од суштински поднесените амандмани беа прифатени.

„Предлог-законот претходно беше предмет на јавна расправа во која активно учествуваа претставници на правосудниот систем, академската и стручната јавност, како и други засегнати страни. Нивните забелешки и предлози беа земени предвид со цел да се обезбеди современо, квалитетно и функционално законско решение.

Со новиот Закон за парничната постапка се воведуваат суштински реформи насочени кон модернизација на судските постапки, зголемување на ефикасноста на судовите и зајакнување на правната сигурност. Предвидени се решенија кои овозможуваат поефикасно водење на постапките, поголема улога на судот во утврдувањето на фактичката состојба, можност за вештачење и увид по службена должност, како и целосна дигитализација преку електронска достава и одржување расправи по електронски пат.

Особено значајни се мерките за забрзување на постапките во споровите од мала вредност, воведувањето поправедни и попропорционални глоби, како и новиот механизам на претставнички тужби за заштита на колективните интереси и права, со што дополнително се унапредува пристапот до правда.

Предложените законски решенија се усогласени со повеќе системски закони и европските стандарди и претставуваат важен придонес кон изградбата на модерен, ефикасен и правно кохерентен правосуден систем“, соопшти Министерството за правда.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ведат Муриќи се врати во Фенербахче

Следно

Во ДР Конго и Уганда со ебола се заразени 75 здравствени работници, 17 починале

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Македонија внимателно ја следи состојбата во Европа, домашниот систем останува стабилен

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов

ФИФА е во целосен хаос: Потегот на Инфантино го шокираше целиот фудбалски свет

Според информациите што ги даде францускиот весник „Л’Екип“, Инфантино во среда организирал кризен состанок со челниците на ФИФА во Мароко. Се вели дека првиот човек на светскиот фудбал е сериозно загрижен за

Општина Битола: Нови 1.550 квадратни метри паркинг простор за граѓаните

Општина Битола продолжува со реализација на проекти за подобрување на сообраќајната инфраструктура и обезбедување нови паркинг места за граѓаните. Денеска беше извршено асфалтирање на новиот паркинг простор во поранешната касарна, на локацијата

Министерство за финансии: Буџетските приходи над 204 милијарди денари, раст од 9,3% за седум месеци

5 август 2026, Скопје – Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното.

БЕЗБЕДНОСЕН АЛАРМ ВО СЕУТА – Меѓу новодојдените мигранти идентификувани лица поврзани со џихадизам

Шпанските безбедносни служби идентификувале неколку лица меѓу мигрантите кои минатата недела масовно влегоа во енклавата Сеута, а кои претходно биле предмет на истраги за кривични дела поврзани со џихадизам, објавија шпанските медиуми
Go toTop