Николоски: Следува градежна офанзива, Македонија ќе стане клучен транспортен јазол во регионот

June 14, 2026
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави силен инвестициски циклус во патната и железничката инфраструктура, оценувајќи дека Македонија има историска шанса да се позиционира како значаен транспортен и логистички центар на Балканот.

Во гостувањето во емисијата „Тема на денот“, Николоски истакна дека Владата активно работи на продлабочување на економската соработка со Турција, со цел трговската размена меѓу двете земји да се зголеми од сегашните 900 милиони на 2 милијарди долари.

Тој посочи дека неодамнешниот бизнис форум во Истанбул бил исклучително успешен, со учество на повеќе од 200 компании од двете земји, а како потврда за добрите односи ја наведе и официјалната посета на премиерот Христијан Мицкоски на Турција.

„Турските компании покажуваат сериозен интерес за инвестирање во Македонија, особено поради договорите за слободна трговија што ги имаме со Европската Унија и Соединетите Американски Држави“, рече Николоски.

Тој најави дека од 2 јули ќе започне да функционира директната авиолинија Анкара–Скопје преку компанијата „Аџет“, без државни субвенции, а договорено е и воспоставување карго поврзување кое дополнително ќе ја засили трговската размена.

Во железничкиот сектор, министерот информираше дека карго транспортот бележи раст од 23 проценти во количината на пренесена стока и 18 проценти во финансиските показатели во првите три месеци од годинава.

Според него, наскоро во функција ќе биде ставена и целосно електрифицираната карго обиколница Драчево–Миладиновци, што ќе овозможи товарните возови да го заобиколуваат Скопје, со што ќе се намалат загадувањето и времето на транспорт.

Николоски најави и дека наесен треба да започне изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, на потегот од Куманово до Гевгелија, проект кој, како што рече, ќе ја зацврсти позицијата на Македонија како клучна транзитна рута во регионот.

Во делот на патната инфраструктура, тој потврди дека македонскиот конзорциум предводен од „Гранит“ е избран за изведувач на автопатската делница Скопје–Блаце, проект вреден околу 200 милиони евра.

„Станува збор за исклучително сложен проект со тунели, мостови и галерии, кој ќе се реализира според највисоките стандарди и со поддршка од ЕБРД“, истакна Николоски.

Осврнувајќи се на критиките од опозицијата, тој ги отфрли обвинувањата за намерно одложување на проектот, нагласувајќи дека сите постапки биле спроведени законски и транспарентно.

Министерот најави и нови капитални инвестиции, меѓу кои експресниот пат Куманово–Страцин, целосно пуштање во употреба на автопатот Кичево–Охрид во првиот квартал од следната година, како и подготовка на нови експресни решенија на правците Кочани–Виница–Делчево и Радовиш–Струмица.

Во однос на политичките случувања, Николоски оцени дека стабилното парламентарно мнозинство обезбедува услови за реализација на долгорочните инфраструктурни проекти, додавајќи дека одлуките поврзани со најавената владина реконструкција се во надлежност на премиерот.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тинејџерот кој го сопре Бразил: Беше капитен на Франција, а сега е ѕвезда на Мароко!

Следно

Николоски најави градежен бум: Турција влегува со нови инвестиции, Македонија добива модерна инфраструктура

Latest from Blog

Нов рекорд на светските првенства: Германија за гол подобра од Бразил!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Германската фудбалска репрезентација стана рекордер по бројот на постигнати голови на Светското првенство.  Составот на Јулијан Нагелсман вечерва во првиот меч на денот на шампионатот, славеше

Бардела: „НЕ МИ ТРЕБА ПОДДРШКАТА ОД ТРАМП, неговото однесување е нестабилно“

Лидерот на француската крајно десничарска партија Национален собир, Џордан Бардела, изјави дека нема да му биде потребна поддршката од американскиот претседател Доналд Трамп во претседателската кампања. Во интервју за бриселскиот портал Политико,

Николоски најави градежен бум: Турција влегува со нови инвестиции, Македонија добива модерна инфраструктура

Вицепремиерот и министер за транспор Александар Николоски најави силен инвестициски циклус во патната и железничката инфраструктура, оценувајќи дека Македонија има историска шанса да се позиционира како значаен транспортен и логистички центар на

Тинејџерот кој го сопре Бразил: Беше капитен на Франција, а сега е ѕвезда на Мароко!

ФОТО:.facebook.com/ENMAROCofficiel Во првото коло од Групата Ц на Светското првенство, фудбалерите на Мароко ремизираа со Бразил (1:1), а во центарот на вниманието беше мароканскиот 18-годишен репрезентативец Ајуб Буади. Буади целосно доминираше против

УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа за 80-тиот роденден на Трамп

Како дел од двојната прослава за 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп и големиот јубилеј – 250 години од Декларацијата за независност на САД, во претседателската резиденција е поставен октагон за
Go toTop