Извршниот директор на ТикТок сослушан од американскиот Конгрес

March 23, 2023
1 min read

Пратениците на американскиот Конгрес на денешната седница го обвинија извршниот директор на ТикТок, Шу Зи Чу, дека апликацијата овозможува достапност на штетна содржина и предизвикува „емоционална вознемиреност“ кај младите корисници.

Републиканската пратеничка Кети Мекморис Роџерс на почетокот на сослушувањето во Конгресот рече дека за неколку минути по отворањето нов налог на ТикТок, алгоритмот на апликацијата промовира самоповредувачка содржина, нарушувања во исхраната и поттикнува опасни „предизвици“ кои можат да ги загрозат животите.

Демократскиот пратеник од Њу Џерси Френк Палоне рече дека содржината достапна за децата на ТикТок го влошува кај децата „емотивниот стрес“, додека републиканскиот претставник Боб Лата рече дека 10-годишното девојче се задавило кога се обидело да го изведе таканаречениот „предизвик за затемнување“, што таа го видела во видео на апликацијата.

Законодавците го прашаа Шу дали кинеската влада може да пристапи до корисничките податоци на Американците, и како спречува штетната содржина да стигне до младите корисници.

Извршниот директор на ТикТок рече дека иако „огромното мнозинство“ корисници на апликацијата се над 18 години, компанијата вовела мерки за заштита на младите луѓе кои ја користат. Тој додаде дека содржините како што се потенцијално опасни предизвици се забранети на ТикТок.

Апликацијата неодамна воведе повеќе алатки кои овозможуваат родителска контрола врз содржината, а претходно овој месец компанијата објави дека започнала работа на функција која ќе им овозможи на родителите да ги блокираат тинејџерите да гледаат клипови од апликацијата што содржат одредени зборови или хаштагови.

Конгресното сослушување на директорот дојде откако администрацијата на Џо Бајден се соочи со зголемен притисок од пратениците да ја забранат апликацијата поради национална безбедност.

Апликацијата ТикТок е во сопственост на кинеската компанија BiteDance. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Барди: За нас е многу важно да почнеме со победа

Следно

По смртта на малата Јана, вонреден инспекциски надзор во битолската болница

Latest from Blog

Барселона спаси бод на гостувањето во Ваљекас

фото: Rayo Vallecano (X) Екипите на Рајо Ваљекано и Барселона ремизираа со 1:1 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Избраниците на Ханси Флик одиграа подпросечен натпревар и дури во второто полувреме

Научници открија „хемиски коктел“ против стареење на мозокот

Руски научници соопштија дека откриле „хемиски коктел“ кој може да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги подобри функциите на тој орган во староста. Научници од Националниот истражувачки

По повод почетокот на учебната година, премиерот Мицкоски утре во посета на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода

По повод почетокот на учебната година, премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре ќе го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Кисела Вода. -Ве известуваме дека утре 01.09.2025 година (понеделник) во 10:00 часот
Go toTop