Трамп уште еднаш најави договор со Иран за ставање крај на војната

June 12, 2026
1 min read

Трамп уште еднаш најави рамковен договор со Иран за ставање крај на војната. „тукушто постигнавме одличен договор за војната со Иран“изјави американскиот преседател  додавајќи дека документите  требало да бидат готови и можеби веќе овој викенд да се потпишат во Европа.

Иран веднаш демантираше: досега не е финализиран никаков текст, објави иранската новинска агенција ФАРС, блиска до моќната револуционерна гарда, повикувајќи се на извор поврзан со преговарачкиот тим.

Високи ирански политичари засега не се изјаснија за тврдењата на Трамп. Американскиот претседател и претходно повеќепати тврдеше дека договор со Иран е блиску.

Овој пат Трамп, одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека според неговото разбирање иранскиот врховен лидер Моџтаба Хаменеи веќе се согласил на  договор. Тој вклучува, меѓу другото, итно отворање на Ормускиот теснец, како и прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа.

Напиша Трамп на својата платформа Трут соушал..Само неколку часа претходно, Трамп ги откажа новите напади врз иран кои беа најавени за синоќа. На Трут соушал тој се закани дека американската војска ќе ја погоди земјата „многу силно“ и ќе го преземе островот Харк, клучен за иранската нафтена индустрија.

Откажувањето на нападите Трамп го образложи со разговори кои стигнале до највисокото ниво на иранското раководство. Деталите биле одобрени од сите вклучени страни, односно од САД, Израел, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Турција, Пакистан, Бахреин, Кувајт, Јордан, Египет и други држави. За евентуално потпишување договор викендов, потпретседателот Џеј Ди венс би можел да отпатува во Европа.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прилеп гради нови меѓународни партнерства: Проданоски со средби во Швајцарија и Холандија

Следно

Зошто повеќето играчи на Светското првенство носат розеви копачки?

Latest from Blog

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна
Go toTop