ВЛЕН: По 25 години, правичната застапеност конечно станува закон

June 6, 2026
1 min read

Се наоѓаме пред историски момент. По повеќе од две децении одложување, правичната и соодветна застапеност конечно станува закон. Нема повеќе зборови што ги носи ветерот, нема повеќе ветувања само за да поминат изборите. Сега има закон.

Правичната и соодветна застапеност е уставен принцип што произлегува од Охридскиот рамковен договор, конкретно од неговата точка 4.2. Затоа, ова не е обичен закон, туку исориски важен чекор во спроведувањето и унапредувањето на Охридскиот договор.

Овој закон требаше да биде донесен уште пред повеќе од две децении. Но, тоа не се случи. Тие што денес најмногу креваат врева, го имаа и мандатот од Албанците и власта за да го донесат. На секои избори ветуваа, во секој мандат се правдаа. Имаа сè, освен политичка волја.

Ако навистина Охридскиот договор бил целосно реализиран, тогаш каде беше Законот за правична и соодветна застапеност, еден од неговите клучни столбови?
Почитувани, Охридскиот договор не се унапредува со свечени говори и убаво спакувани изјави пред камери. Тој се унапредува кога неговите принципи се претвораат во закон, во јасни правила и во институционална обврска.
Токму тоа го прави ВЛЕН.

Со овој закон, правичната и соодветна застапеност станува законска обврска за сите институции. Нема повеќе импровизации, нема повеќе крпеници, нема повеќе „како кому ќе му текне”. Наместо тоа, ќе има закон, методологија, податоци и институционална одговорност. 25 години не мрднаа со прст за да се донесе овој закон. ВЛЕН го прави тоа за 25 месеци.
За Албанците повеќе вреди закон што ги штити, отколку функција за слики и политичко фалење.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Прилеп уште еднаш го потврди статусот на град на театарот со отворањето на јубилејниот „Војдан Чернодрински“

Следно

НАПАДОТ НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ВРЗ МЕДИУМИТЕ згасна 1.000 работни места во Австрија

Latest from Blog

Мурињо во одбрана на Вини: Тој не е во најдобра форма, но дава се од себе и заслужува почит

Тренерот на Реал Мадрид испрати јасна порака до навивачите по победата над Интер. Жозе Мурињо застана во одбрана на Винисиус Жуниор откако Бразилецот повторно беше на удар на дел од навивачите на

ЦЕЛОСЕН ХАОС ВО ОРМУЗ – Гори енергетската артерија на светот

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти денеска дека неговите сили гаѓале два американски брода и осум нафтени танкери во Ормускиот Теснец. Во соопштението што го пренесе полуофицијалната иранска новинска агенција

Адвокатот на Линдзи Кленси бара од Трамп да ја помилува, иако таа призна дека си ги убила своите три деца (ВИДЕО)

„Господине претседателе, се надевам дека ќе размислите за тоа каква личност е оваа млада жена, низ што поминала и ќе ја разгледате можноста за помилување“, рече адвокатот Кевин Редингтон во интервју за

ЛШ Полувреме: Мбапе и Валверде ги казнија грешките на Интер, Порто издржа против Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид има убедлива предност од 2:0 по првите 45 минути на натпреварот против Интер во воведното коло од Лигата на шампионите. Можеби резултатот не ја отсликува целосно сликата на теренот затоа
Go toTop