Делегација на Собранието учествува на Глобалната конференција на жени пратенички на ИПУ во Белград

June 3, 2026
2 mins read

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Драган Недељковиќ, Даниела Николова, Арбана Пашоли и Калтрина Беќири учествува на Глобалната конференција на жени пратенички на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 2 до 4 јуни 2026 година во Белград, Република Србија, на тема „Унапредување на паритетот: Надминување на бариерите на родовите стереотипи и негативните општествени норми“.

На конференцијата, чиј домаќин е Народното собрание на Република Србија, учествуваат околу 420 пратенички и пратеници од 65 парламенти – членки на ИПУ од целиот свет, претставници на меѓународни организации и експерти од повеќе држави, кои дискутираат за предизвиците и политиките поврзани со еднаквото учество на жените во политиката и процесите на одлучување.

На свеченото отворање на Конференцијата се обратија: Ана Брнабиќ, претседателка на Народното собрание на Република Србија, Снежана Пауновиќ, министер за јавна администраци и локална самоуправа на Република Србија, Мартин Чунгонг, генерален секретар на ИПУ и Тулиа Аксон, претседателка на ИПУ. Воведно обраќање на тема „Од Мексико до Белград: Следење на патот кон рамноправност“ одржа Синтија Лопез Кастро, сенаторка од Мексико и претседателка на Бирото на жени пратенички на ИПУ.

Работата на Конференцијата се одвива во седум сесии. Првата сесија беше посветена на пречките за родовата еднаквост, со акцент на стереотипите и негативните општествени норми. Учесниците ги разгледаа достигнувањата во остварувањето на родовата рамноправност, вклучително преку спроведувањето на Акцискиот план на ИПУ за родова рамноправност во парламентите и ги споделија искуствата и добрите практики за борба со стереотипите.

Втората сесија беше насочена кон унапредување на рамноправноста преку призмата на разновидноста, со посебен осврт на стереотипите кои диспропорционално ги засегаат жените од различни возрасни групи, етнички заедници, жените со попреченост, жените со мигрантски статус и другите маргинализирани групи. Во дебата на оваа сесија се обрати пратеничката Арбана Пашоли, која посочи дека Република Северна Македонија постигна значителен напредок во застапеноста на жените во парламентот, при што по изборите во 2024 година жените сочинуваат 39 проценти од пратеничкиот состав. Во своето обраќање, таа се осврна и на Акцискиот план 2025–2027 за унапредување на еднаквоста меѓу жените и мажите во Собранието, кој предвидува еднакво учество во парламентарните тела, родово сензитивно законодавство и инклузивни институционални механизми. Посебно ја истакна улогата на Клубот на пратенички како пример за меѓупартиска и меѓуетничка соработка во борбата против дискриминацијата и насилството врз жените. Во обраќањето, таа се осврна и на Стратегијата за родова еднаквост 2022–2027, која ја препознава важноста на еднаквиот пристап до можности за сите жени и девојки, особено за оние кои се соочуваат со повеќекратна дискриминација.

Пашоли порача дека вистинскиот демократски напредок е можен само доколку секоја жена, без оглед на нејзината припадност и општествен статус, има еднаква можност да биде претставена и да учествува во процесите на одлучување.

Третата сесија: „Заедничка борба против стереотипите и негативните норми“ се одржа во форма на четири работни групи, кои ги опфатија следните теми: вклучување на мажите и момчињата во борбата против стереотипите; унапредување на законска рамноправност; борба против стереотипите согласно Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените – CEDAW и борба против сексизмот, вознемирувањето и насилството врз жените во парламентите.

На Четвртата сесија, посветена на спротивставување на онлајн стереотипите, насилството и дезинформациите против жените во политиката, се обрати пратеникот Драган Недељковиќ. Тој нагласи дека дигиталните технологии и социјалните мрежи создадоа нови можности за политичко учество, но истовремено отворија простор за злоупотреби, вознемирување и насилство врз жените во политиката. Во своето излагање тој се осврна на активностите на Собранието на Република Северна Македонија за подобрување на Етичкиот кодекс и за зајакнување на механизмите за спречување насилство врз жените пратенички. Потсети и на измените на Кривичниот законик со кои фемицидот и демнењето се дефинирани како кривични дела. Недељковиќ нагласи дека законските решенија мора да бидат проследени со едукација, медиумска писменост и јасна институционална поддршка за жените кои се мета на онлајн напади. Тој повика на заедничка акција на парламентите, политичките партии, медиумите и граѓанскиот сектор со цел создавање безбеден и достоинствен дигитален простор за жените во политиката.

Конференцијата продолжува со работа по следниве сесии: „Родово сензитивни парламенти за општества ослободени од стереотипи“, „Лидерство и промена на културата за борба со стереотипите: учење од другите сектори“ и „Иницијативата за демократски ангажман на жените и младите (WYDE): Поддршка на учеството на жените во политичкиот живот и борба против стереотипите и негативните норми“.

Се очекува на крајот од Конференцијата учесниците за усвојат заедничка изјава.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арбелоа се понудил на Леверкузен и добил едно големо “НЕ“!

Следно

Шефот на НАТО ги плаши младите Руси: „АКО СЕ ПРИЈАВИТЕ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА – ВЕ ЧЕКА СМРТ“

Latest from Blog

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна

Николоски: Од 1 мај директни летови Скопје–Тиват, двапати неделно

Македонија и Црна Гора ја продлабочуваат соработката, а првиот конкретен резултат од договорените активности е воспоставувањето директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват, која ќе започне да оперира од 1 мај следната

Министерство за енергетика: Зајакнат инспекциски надзор и јавно достапни податоци за концесиите

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини презема конкретни мерки за повисоко вреднување на природните ресурси, доследно исполнување на концесиските обврски и поефикасен надзор во рударството. Зголемени се концесиските надоместоци, наплатата во

Божиновска: Поевтина струја од ЕСМ, конечниот збор за горивата го има Регулаторна

Производството на електрична енергија е стабилно, а ЕСМ обезбедува сигурно снабдување по пониски продажни цени, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Една од најголемите светски компании за трговија со енергенси и суровини и мнозински сопственик на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“  „Трафигура“, склучи договор за кредит од 1,5 милијарди американски
Go toTop