Screenshot

Комуналец Прилеп: Амфитеатарот во Варош добива нов лик пред летната сезона

June 2, 2026
1 min read

Амфитеатарот во Варош добива нов и уреден изглед. Екипите на ЈКП „Комуналец“ Прилеп интензивно работат на негово комплетно реновирање, со цел просторот да биде подготвен за бројни културни, музички и забавни настани во текот на летниот период.

Во рамки на активностите се врши замена на дрвените штафни на седалата за публиката, чистење и преуредување на плочите, а во наредниот период се планирани и дополнителни зафати за подобрување на функционалноста и изгледот на амфитеатарот.

Од ЈКП „Комуналец“ информираат дека обновувањето на овој значаен простор е дел од заложбите за создавање подобри услови за одржување на јавни настани и збогатување на културниот живот во Прилеп.

На иницијатива на градоначалникот Дејан Проданоски, изминатиот месец мај беше исполнет со голем број манифестации, концерти и настани наменети за граѓаните, а очекувањата се амфитеатарот во Варош ова лето да стане едно од главните собиралишта за љубителите на културата и музиката.

Од ЈКП „Комуналец“ најавуваат дека просторот ќе продолжи да се уредува и одржува, со што Варош ќе добие уште поатрактивна локација за организирање настани на отворено.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Млади спортисти од регионот доаѓаат во Прилеп на голем спортски настан

Следно

Akuo EduLab ги обедини наставниците, студентите и институциите во Штип во дискусија за иднината на образованието за одржливост

Latest from Blog

Берзански извештај: Промет од 27,7 милиони денари, индексот МБИ10 во црвено

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 02.06.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.734,99 поени. Во

Тоневски: Нашите ученици покажуваат дека можат да бидат најдобри во државата

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска оствари средба со Јована Јаневска, ученичка во VIII одделение во ООУ „Браќа Миладиновци“, која го освои првото место на Државниот натпревар по географија. Јаневска до

Akuo EduLab ги обедини наставниците, студентите и институциите во Штип во дискусија за иднината на образованието за одржливост

Пилот-проектот ги поврза универзитетот, училиштата и локалната заедница со цел темите за одржливост, обновлива енергија и биодиверзитет да се доближат до младите генерации Штип, 2 јуни 2026 година – Резултатите од Akuo

Коњановски на МЕФ 2026: Западен Балкан мора заеднички да ја спроведе праведната енергетска транзиција

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска зборуваше на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026 во Скопје. Форумот се одржува со мотото „Унапредување на
Go toTop