Николоски: Продолжува експанзијата на авиосообраќајот од Скопје и Охрид

June 2, 2026
1 min read

Македонија во следните неколку недели ќе добие пет нови авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид, со што дополнително ќе се прошири мрежата на воздушни врски со европските дестинации, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој истакна дека земјата е меѓу ретките во Европа што воведува нови авиолинии во период кога глобалната авиоиндустрија се соочува со сериозни предизвици.

Една од новите линии ќе биде меѓу Виена и Охрид, а летовите ќе ги реализира австриската авиокомпанија „Австриан ерлајнс“. Според Николоски, оваа врска ќе овозможи подобра поврзаност на Охрид со бројни европски и прекуокеански дестинации преку австриската престолнина.

Воедно, „Виз ер“ ќе воведе уште две нови линии до Охрид, од полските градови Краков и Вроцлав. Се очекува овие летови да придонесат за зголемен број туристи од Полска и дополнителна промоција на Охрид како туристичка дестинација.

Нови дестинации добива и Меѓународниот аеродром Скопје, од каде ќе се воспостават директни летови до Палермо на Сицилија и Алгеро на Сардинија. Летовите ќе бидат достапни и надвор од летната сезона.

Николоски нагласи дека Македонија има значајна улога и во регионалниот воздушен сообраќај преку снабдувањето со авионско гориво. Тој посочи дека скопскиот аеродром целосно го снабдува аеродромот во Приштина со керозин, а делумно и аеродромот во Ниш, што, според него, е доказ за добрата инфраструктура и логистички капацитети на земјата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнуваат градежни работи на улицата „Браќа Џаферови“, возилата да се отстранат навреме

Следно

Меморија го отвора Ohrid Wine Festival Vol. 5 на 25 јуни

Latest from Blog

ВЛЕН: Македонија се поврзува со енергетските системи на регионот

Северна Македонија и официјално стана дел од вертикалниот гасен коридор, иницијатива која ги поврзува енергетските системи на земјите од Југоисточна и Централна Европа. Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим

ГОЛЕМА ЕСКАЛАЦИЈА НА ФРОНТОТ – Русија го нападна седиштето на украинското разузнавање

Седиштето на украинската разузнавачка агенција СБУ беше погодено во руски напад со беспилотни летала, при што се издигнаа облаци од црн чад во воздухот во срцето на Киев, пренесува Гардијан. Претседателот на Украина,

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

ФОТО:.facebook.com/asmonaco Европскиот шампион го претрпе првиот пораз оваа сезона во Лига 1, во дербито против Монако, кој фуриозно ја започна новата сезона со сите три победи, и тоа на “Паркот на принцовите“
Go toTop