Новиот автопат Охрид-Кичево викендов бележи голема фреквенција на возила, а бројни туристи веќе се упатија кон Охрид и туристичките центри на југозападот од државата.
На видеото кое го добивме од странски турист може да се забележи интензивен сообраќај и раздвиженост на новиот патен правец, кој значително го олеснува патувањето и овозможува побрза и поудобна врска кон Охридскиот регион.
Големиот број возила е уште еден показател дека овој инфраструктурен проект веќе има сериозно значење за туризмот, економијата и за подобрата поврзаност во државата, особено во периоди кога има зголемен број посетители.
Се очекува и во текот на наредните денови автопатот да биде меѓу најфреквентните патни правци, со илјадници домашни и странски туристи кои ќе го искористат продолжениот викенд за одмор покрај Охридското Езеро.

