Screenshot

ВЛЕН: Правичната застапеност конечно добива институционална форма

May 26, 2026
1 min read

По 23 години чекање, одложувања и неисполнети ветувања, правичната и соодветна застапеност конечно станува закон и веќе е ставена во собраниска процедура, реагираат од ВЛЕН.

Од коалицијата оценуваат дека станува збор за историски момент за Албанците, но и за концептот на институционална еднаквост во државата. Посочуваат дека законот добил позитивна оценка од Комисијата од Венеција, е целосно усогласен со Уставот и ги поминал сите домашни и меѓународни политички и правни филтри.

„Ова јасно покажува дека станува збор за сериозно, одржливо и правно заштитено решение“, велат од ВЛЕН.

Од таму додаваат дека со години многумина зборувале за правата на Албанците, но, како што велат, никој немал храброст или политичка волја процесот да го доведе до крај.

„Денес, кога процесот конечно се конкретизира, одредени групи се обидуваат да создадат магла преку задоцнети реакции и емотивни изјави за медиумите. Но граѓаните ја препознаваат разликата меѓу тие што само зборуваат и тие што носат конкретни одлуки“, се наведува во реакцијата.

Од ВЛЕН сметаат дека секој обид за релативизирање на процесот претставува политичка бучава и барање медиумско внимание, потенцирајќи дека процедурата е започната, правната поддршка постои, а политичката волја е цврста.

„Денес не е време за пропаганда, туку за резултати. А најголемиот резултат е што една 23-годишна неправда конечно завршува“, порачуваат од ВЛЕН.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МФ: Капиталните инвестиции остануваат двигател на економскиот раст

Следно

Неверојатно: Играчи на Арсенал и Тотенхем заедно прославуваа!(ВИДЕО)

Latest from Blog

Од 15 јуни на лентите означени со MTAG на патарините нема да може да се користи MCard

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата, почнувајќи од 15.06.2026 година, на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети

Потпишан Меморандум за разбирање и за соработка во енергетскиот сектор со Хрватска и Договор за стратешка соработка , можности за нови проекти и инвестиции  

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска, во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во

Неверојатно: Играчи на Арсенал и Тотенхем заедно прославуваа!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Arsenal/ Играчите на Арсенал ја прославија титулата во Премиер лигата со спектакуларна забава, која траеше цела ноќ и заврши со неочекувана средба со играчи од големиот ривал Тотенхем. Тие прво организираа раскошна
Go toTop