„Илинден“-Тирана: Нека е честит денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

May 24, 2026
1 min read

По повод 24 мај, ден на словенските просветители, светите Кирил и Методиј, македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г. г. Стефан и до сите Македонци каде и да се.

Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Република Албанија, Вам лично, на вашето свештенство и на сите православни верници, на Македонците каде и да се, да ви го честитаме 24 мај, ден на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, стои во честитката, потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Се додава дека со празнувањето им се оддава почит на светите браќа од Солун, Кирил и Методиј, како основоположници на словенската писменост и литература, основачи на првата словенска азбука – глаголица, заслужни за културниот развој како на македонскиот народ, така и на сите словенски народи.

Нивниот огромен придонес во битката против заборавот и незнаењето е од непроценлива вредност, бидејќи само пишаниот збор е тоа што останува и преку кој се пренесува знаењето и мудроста на човекот. Делото на светите Кирил и Методиј живеело со векови, живее и ќе живее за навек. Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, се наведува во честитката на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 100 млади уметници од светот творат на Малиот Битолски Монмартр

Следно

Еве како се менуваше табелата во ПЛ од 1. до 37.коло!(ВИДЕО)

Latest from Blog

Кина повлекува над 4 милиони возила поради ОПАСНОСТ ОД СКРИЕНИТЕ РАЧКИ НА ВРАТИТЕ

Кина иницираше повлекување на повеќе од четири милиони возила поради безбедносни проблеми со скриените рачки на вратите кои се вовлекуваат во каросеријата. Мерката опфаќа 2,98 милиони автомобили на Tesla произведени во Кина,

Активни четири пожари и четири под контрола

Во изминатото деноноќие во земјата се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти утрово Центарот за управување

Иловица очекува нов развоен импулс: Стаменов смета дека рудникот може да донесе бенефит за сите

Инвестицијата во рудникот за бакар во Иловица може да придонесе за развој на целиот југоисточен регион, сметаат жители од локалната заедница кои ја поддржуваат реализацијата на проектот. Како една од најзначајните потенцијални

Собранието со демант: Нема приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените

Собранието на Република Северна Македонија демантира дека обезбедува или плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените во Собраниската служба, откако во повеќе медиуми беа објавени информации дека институцијата набавува ваков вид
Go toTop