Screenshot

Проданоски со честитка за 24 Мај: Да го чуваме македонскиот јазик и култура

May 24, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека делото на сесловенските просветители претставува темел на македонскиот јазик, писменост и култура.

„Денеска со гордост и длабока почит се навраќаме кон делото на светите браќа Кирил и Методиј, кои му дадоа духовна и културна сила на словенскиот свет. Тие му подарија на народот можност да учи, да се просветлува и да го слуша Божјото слово на свој, разбирлив јазик“, порача Проданоски.

Тој информираше дека по повод празникот присуствувал на Светата Божествена Архиерејска Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ – Параклис во Прилеп, каде што била оддадена почит на нивното просветителско дело.

Со литургијата чиноначалствувал митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола и прилепските свештенослужители.

Проданоски нагласи дека македонскиот јазик, писменоста и просветата се богатство кое мора да се чува и да се пренесува на идните генерации.

„Во време на брзи промени, токму образованието и културата се најсилниот чувар на нашата самобитност и достоинство“, истакна тој.

На крајот, градоначалникот упати честитки до сите кои го слават својот именден, посакувајќи им здравје, мир, среќа и духовен благослов.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рубио: Светот ќе слушне добри вести во наредните часови

Следно

Тоневски: Пробиштип не ги заборава своите спортски легенди

Latest from Blog

Собранието со демант: Нема приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените

Собранието на Република Северна Македонија демантира дека обезбедува или плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и вработените во Собраниската служба, откако во повеќе медиуми беа објавени информации дека институцијата набавува ваков вид

Она што се случи во соблекувалната стави крај на приказната: Хулијан Алварез и Атлетико!

Хулијан Алварез денес беше понижен засекогаш. Аргентинецот доби огромни навреди од навивачите на својот клуб – Атлетико Мадрид, а причината беше фактот што побара трансфер во Барселона. Феноменалниот аргентински напаѓач беше пречекан
Go toTop