Screenshot

Димитриеска-Кочоска со порака до опозицијата: Реалноста ја покажуваат економските показатели

May 23, 2026
1 min read

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска упати повик до економскиот тим на опозицијата за заедничка средба во Министерството за финансии, со цел, како што истакна, „да се објаснат фактите и реалната состојба во економијата“.

Таа оцени дека во јавноста се пласираат, како што рече, „хистерични прес-конференции полни со невистини и погрешни толкувања“, нагласувајќи дека економијата не се води со паника, туку со бројки.

Димитриеска-Кочоска посочи дека во периодот од 2017 до 2024 година просечниот раст на БДП бил околу 1,8%, додека јавниот долг речиси се удвоил – од 4,78 милијарди евра во 2017 година на околу 9 милијарди евра во 2024 година.

Според неа, во тој период државата била оставена со „празна каса, зголемен долг и нарушена доверба“, додека денес економијата бележи стабилен раст од околу 3 до 3,5%, раст на платите близу 10%, зголемување на вработеноста и високо ниво на капитални инвестиции.

Министерката истакна дека Министерството за финансии спроведува внимателна и одговорна политика за управување со јавниот долг, без импровизации и со јасна стратегија базирана на пазарни услови и рокови на достасување.

Таа нагласи дека државата во моментов паралелно се соочува со сервисирање на стари долгови и финансирање на тековниот развој, при што само во последниот период се обезбедени над 1,2 милијарди евра за отплата на обврски од претходни задолжувања.

Димитриеска-Кочоска додаде дека во 2025 и 2026 година доспеваат значајни еврообврзници, дел од кои веќе се сервисирани, а останатите ќе бидат исплатени согласно предвидената динамика.

Таа порача дека Владата во исто време обезбедува ликвидност, реализира капитални инвестиции, поддржува повисоки плати и пензии и ја стабилизира економијата.

Во однос на критиките од опозицијата, министерката рече дека тие се засноваат на погрешни толкувања и недоволно проверени податоци, кои, според неа, се јавно достапни и лесно проверливи.

„Фактите и бројките се на страната на Владата“, порача Димитриеска-Кочоска, додавајќи дека економските резултати ќе продолжат да ја демантираат опозицијата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерството за транспорт: СДСМ изнесува неточни тврдења за поништениот тендер за електрични автобуси

Следно

ВЛЕН ја обвини ДУИ за врски со организатор на просрпски собир во Куманово

Latest from Blog

Интересно: Фановите на Марсеј ја славеа титулата на Шпанија? (ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Навивачите на Олимпик Марсеј изненадија со чудна претстава за време на првиот натпревар на тимот во сезоната во Лига 1. Некои од навивачите на „Велодром“ извадија огромна кореографија во чест на

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со иранскиот парламент, изјави дека Иран добил покана да се приклучи на договорот во Мека и дека прашањето се разгледува. Рахими рече дека земјите

Што се крие под Самуиловата тврдина? Археолозите повторно почнаа да копаат во Охрид

Под ѕидините што денес најчесто ги поврзуваме со цар Самуил се наоѓаат траги од живот стари илјадници години. Археолозите повторно се вратија на Самуиловата тврдина во Охрид, каде што започнаа годинешните истражувања

Големата битка заврши: Проданоски објави дека пожарот во Мариово е изгаснат

Проданоски: По седум дена непрекината борба, пожарот во Мариово е изгаснат По седум дена непрекината борба и огромни напори на сите екипи ангажирани на терен, пожарот во Мариово е целосно изгаснат, информира

Скандал уште на стартот во Серија А: Дали судијата му помогна на Наполи да победи?!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/SSCNapoli/ Првото коло од италијанската Серија А започна со тензии и скандали откако директорот на Џенова, Диего Лопез, остро го критикуваше судењето за време на поразот на неговиот тим од Наполи со
Go toTop